Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Газдата на ,,Пуцко Петрол” Асмир Јахоски нуди 2 милиони евра кауција за да излезе од притвор

by
2025/04/21 14:12:30
in Uncategorized

Газдата на компанијата ,,Пуцко Петрол” Асмир Јахоски нуди 2 милиони евра кауција за да излезе од притвор, тврдат извори во правосудниот систем упатени во случајот.

Според изворите во четвртокот одбраната на Јахоски кој е син на пратеникот на ДУИ Исмаил Јахоски понудила објекти со вредност од 2 милиони евра во обид судот да дозволи Асмир во предметот вреден над 160 милиони евра да се брани од слобода.

За одлуката формално утре треба да одлучат тројца судии од Кривичниот суд во Скопје кои треба да проценат дали Јахоски чие богатство се проценува на десетици милиони евра, треба да биде пуштен дома.

Тројцата судии треба да дадат соодветна правна анализа дали пет недели откако на Асмир Јахоски му беше даден затворски притвор поради опасност да избега или да влијае на сведоци, сега може да се брани од слобода. 

Еден од 13 осомничени за набавка на токсичен мазут за ТЕЦ Неготино Асмир Јахоски, син на пратеникот на ДУИ Исмаил Јахоски, очекува утре да излезе од притвор.

Извори во Јавното обвинителство за организиран криминал и во скопскиот кривичен суд за expres.mk тврдат дека за членови на неговото семејство и во ДУИ ова е завршена работа.

Јахоски операцијата за излегување од притвор ја започнал преку неговите адвокати пред четири дена на ,,Велики четврток” кога до судот било поднесено барање за прекин на притвор и пуштање на слобода.

Иако во други случаи барањето за притвор до обвинителството може да патува со денови во четвртокот тоа експресно стигнало од Основниот кривичен суд Скопје до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кое го води Ислам Абази. 

Абази важи за човек близок на Али Ахмети од ДУИ каде пратеник е таткото на Асмир, Исмаил Јахоски.

Во барањето до судот Асмир Јахоски нудел милиони евра имот како гаранција дека нема да избега за време на судењето.

Преходно на Асмир Јахоски под притисок на јавноста со решение на судија на претходна постапка му се преиначи одлуката и од домашен му беше определен мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165. ст.1 т. 1 и 2 односно Опасност од бегство и Околности кои укажуваат дека истиот може да ја попречи истрагата со влијание врз сведоци.

Асмир Јахоски според правосудните извори ќе бил на слобода уште во четвртокот затоа што по позитивното мислење на обвинителството кое го води Ислам Абази судот бил подготвен да го пушти дома но пречка била една институција која не можела во работно време да ги парафира документите со кои обвинетиот ќе ја потврдил гаранцијата во недвижен имот.

Сега изворите тврдат дека откако Абази дал мислење дека Јахоски треба да биде пуштен на слобода Кривичниот суд Скопје утре ќе одлучи за пуштање на синот на пратеникот на ДУИ од затворот во Шутка.

Шефот на Обвинителството за организиран криминал Ислам Абази беше избран за шеф на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во 2022 година. Сомнежите за негова блискост со раководството на ДУИ ги подгреаја фотографиите на Абази со неговиот соселанец Али Ахмети од Зајас, како и со други функционери на ДУИ.

Обвинителството на почетокот на процесот побара притвор за петмина осомничени за спорните набавки на мазут за ТЕЦ Неготино, од кои поранешниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски е во бегство.

Од останатите четворица, тројца завршија во Шутка – сопствениците на РКМ Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски, како и поранешниот секторски директор во ЕСМ Ардијан Муча, а Асмир Јахоски, син на пратеникот Исмаил Јахоски од ДУИ доби домашен па потоа затворски притвор.

Истрага за тендерите за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино од 2021 до 2023 во вредност од 167 милиони евра беше отворена против 13 лица и една фирма.

Next Post

„Форд“ ја запре продажбата на автомобили во Кина

Политико: Пентагон е во „тотален хаос“, тврди поранешен портпарол

Препорачани Вести

Одлични вести, поевтинуваат сите горива: Ова се новите цени на горивата во Македонија

Од полноќ нови цени на горивата

1 week ago
Овие три хороскопски знаци во мај ги очекуваат големи проблеми со љубовта и парите

Овие три хороскопски знаци во мај ги очекуваат големи проблеми со љубовта и парите

8 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.