Sunday, February 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Папата долго време размислувал за својот погреб: Ова била неговата последна желба

by Уредник
21.04.2025
in Uncategorized
Папата долго време размислувал за својот погреб: Ова била неговата последна желба

Иако папските погреби традиционално се познати по својата сложеност и симболика, папата Франциск уште за време на својот живот ги одобри плановите за значително поедноставување на сопствениот погреб. Со тоа, повторно ја покажа својата скромност и одбивност кон формалниот луксуз, пренесе Би-Би-Си.

За разлика од вековната традиција која предвидува три ковчези – еден од чемпрес, друг од олово и трет од даб – Франциск избра да биде положен во едноставен дрвен ковчег, обложен со слој цинк. Дополнително, тој ја укина и практиката телото на починатиот папа да биде изложено на висока платформа (катафалк) во базиликата Свети Петар за јавна почит.

Наместо тоа, верниците ќе имаат можност да му оддадат почит додека неговото тело се наоѓа во отворен ковчег, во поскромен и подостапен амбиент.

Франциск ќе биде и првиот папа по повеќе од еден век кој нема да биде погребан во Ватикан. Неговите посмртни останки ќе бидат положени во базиликата Санта Марија Маџоре – една од четирите главни папски базилики во Рим. Оваа црква била особено значајна за Франциск, кој често се молел таму по важни настани од неговиот понтификат.

Ватикан денеска, преку видео-соопштение, објави дека папата Франциск почина на 88-годишна возраст. Тој беше првиот Латиноамериканец што застана на чело на Римокатоличката црква и остана запаметен како глас на реформа, скромност и близина со обичниот човек.

Next Post
Приведено лице во Македонски Брод, управувал возило со 2,04 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода

Приведено лице во Македонски Брод, управувал возило со 2,04 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода

Повредениот од пожарот во Кочани, Јордан Ефтимов стана дел од тимот на „Support Kocani“

Препорачани Вести

Француски сенатор: Со Америка владеат луд император и дрогиран дворски шут

Француски сенатор: Со Америка владеат луд император и дрогиран дворски шут

11 months ago

Се очекува Трамп и Зеленски во Вашингтон да го потпишат документот со 11 точки-Украинците го објавија договорот

11 months ago

Популарни Вести

  • СЗО предлага повисоки даноци за слатките и алкохолните пијалаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија лидер во извозот на зелка и моркови за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Технички дефект на жичницата во Бурса: 51 лице евакуирано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на струјата го парализира јавниот транспорт во Киев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мир по секоја цена: Хороскопски знаци што бегаат од расправии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.