Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Светот во паника: Кина тестираше моќно оружје со една тајна состојка

by Уредник
21.04.2025
in Uncategorized
Светот во паника: Кина тестираше моќно оружје со една тајна состојка

Кина разви нов вид бомба – термичко оружје што може да стопи метал и уништи електроника

Кинески научници развијa револуционерно ненуклеарно оружје, термичка бомба базирана на водородно гориво, која, според пишувањата на Daily Star, може да предизвика огнена топка со температура од илјада степени Целзиусови и да го стопи речиси секој метал.

Бомбата тежи само два килограми, а по својот ефект често се споредува со напалм. По експлозијата, создава топлинска верижна реакција која трае значително подолго од традиционалните експлозиви базирани на ТНТ – дури 15 пати подолго. Овој ефект, сличен на нуклеарно оружје, овозможува постепено, но темелно уништување на целта.

Развивач на бомбата е Кинеската државна корпорација за бродоградба (CSSC), која е меѓу клучните играчи во развојот на подводно вооружување. Новото оружје е веќе успешно тестирано на терен во контролирани услови.

Тајната состојка: магнезиев хидрид

Како што наведуваат од истражувачкиот тим, клучната компонента на ова оружје е магнезиев хидрид – прашкаста супстанца која складира водород во цврста состојба. До неодамна, неговото производство беше многу ризично и скапо, дури и во минимални количини. Сега, благодарение на нова кинеска технологија, отворена е фабрика со капацитет од 150 тони годишно, при што производството е побезбедно и поевтино.

„Експлозиите на водороден гас се активираат со минимална енергија, имаат широк опсег на експлозивност и ослободуваат пламени кои брзо се шират и покриваат голема површина. Ова овозможува прецизна контрола врз интензитетот и насоката на уништување“, велат научниците.

Новата бомба, според описите, функционира како џиновски горилник – не делува моментално, туку создава долготрен удар кој може да ги стопи металните делови од возила, да изгори беспилотни летала и да создаде услови за таканаречено „одбивање на пристапот“ – односно, да спречи користење на теренот од страна на противникот.

Според CSSC, доколку ова оружје се развие во полн капацитет, Кина ќе воспостави нова класа термичко вооружување кое не само што ќе уништува физичка воена опрема, туку ќе има капацитет и да „испече“ електронски системи и да запали цели зони.

Next Post
Поранешен полковник во американската армија предупредува: Зеленски го очекува најлошото сценарио, ризикот е премногу голем

Поранешен полковник во американската армија предупредува: Зеленски го очекува најлошото сценарио, ризикот е премногу голем

Конечно на слобода: После 30 години во зоолошка, африканската слоница пристигна во бразилската прашума, нејзиниот нов дом

Конечно на слобода: После 30 години во зоолошка, африканската слоница пристигна во бразилската прашума, нејзиниот нов дом

Препорачани Вести

Таравари секој ден ја губи поддршката се повеќе: Остана без докторите Цана и Шабани

8 months ago

„Казанџи Груп“ заинтересирана за гасни централи во Скопје, Тетово и Куманово – Владата во преговори со нови инвеститори

7 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.