Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Американски медиуми го изненадија светот: “Украина е подготвена” – открија и што ќе изгубат украинците со овој потег

by
2025/04/22 09:44:30
in Uncategorized
Американски медиуми го изненадија светот: “Украина е подготвена” – открија и што ќе изгубат украинците со овој потег

Украина е наводно подготвена да прифати загуба на 20% од територијата – но без правно признавање

Според пишувањето на Њујорк Пост, повикувајќи се на анонимен висок претставник на американската администрација, Украина наводно изразила подготвеност да се откаже од до 20% од својата територија – но само доколку тоа се третира како „де факто“ реалност, а не како „де јуре“ правно признавање.

„Украина, изгледа, е спремна да се откаже од дел од територијата, се додека тоа не се признава формално“, изјавил изворот за американскиот медиум.

Како што се наведува, претставници на Киев во минатонеделните разговори со американска делегација изразиле особена загриженост околу делот од потенцијалниот мировен договор кој се однесува на териториите што Русија ги анектираше по спорните референдуми.

Прашањето за териториите клучна тема во контактите САД–Русија

Според Волстрит Журнал, специјалниот пратеник на американскиот претседател, Стив Виткоф, разговарал со рускиот претседател Владимир Путин токму на темата „територијални прашања“ во рамки на можниот мировен процес за Украина. Виткоф наводно изјавил дека ова прашање „може делумно да се реши“.

Истовремено, Блумберг јавува дека Вашингтон, во рамки на пошироката мировна иницијатива, разгледувал и можност за официјално признавање на Крим како дел од Руската Федерација – иако конечна одлука во врска со ова сè уште не е донесена.

Средбата помеѓу Путин и Виткоф се одржала на 11 април во Претседателската библиотека во Санкт Петербург и траела околу четири и пол часа.

Москва очекува продолжување на дијалогот

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва очекува ваквите дипломатски контакти да продолжат.

И помошникот на рускиот претседател за меѓународни прашања, Јуриј Ушаков, потврди дека САД веќе ги анализирале сигналите што Москва ги испратила преку Виткоф.

Next Post
Трамп предупреден: Имаш неколку часа да ја промениш одлуката

„Нов светски неред“: Нападите на Трамп врз Пауел ја зголемуваат неизвесноста за акциите

Netflix од ДВД и претплати се до целосен екосистем - со најсилен квартал досега

Препорачани Вести

Мицкоски: Традицијата што не згаснува на Тетовско Кале

11 months ago

Анкара реагира по апсењето на турски државјани во Подгорица: „Ги преземаме сите мерки за нивна безбедност“

2 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.