Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Binance им овозможува на корисниците да купуваат крипто користејќи ApplePay и Google Pay

by Уредник
22.04.2025
in Uncategorized

Binance, водечкиот глобален блокчејн екосистем зад најголемата берза на криптовалути во светот по обем на тргување и регистрирани корисници, објави дека им овозможува на корисниците брзо и едноставно купувањекрипто преку Apple Pay и Google Pay. Оваа погодност е резултат на интеграцијата со Worldpay®, водечка компанија за платежна технологија, што дополнително го подобрува пристапот на Binance до криптовалутите, обезбедувајќи им на корисниците полесен начин за плаќање и поголема удобност при вршење трансакции.

 

Apple Pay и Google Pay се популарни начини на плаќање што веќе им се добро познати на корисниците на Binance. Корисниците кои веќе имаат кредитни или дебитни картички поврзани на Apple Pay или Google Pay сервисот,можат веднаш да почнат да купуваат криптовалути преку апликацијата или онлајн на платформата Binance, користејќи фиат валута за финансирање на нивните купувања.

 

Томас Грегори, потпретседател на Fiat во Binance, рече: „Worldpay е глобално признат лидер во плаќањата за е-трговија и е природен партнер за Binance за да ги овозможи опциите за Apple Pay и Google Pay за нашите корисници. Ова дава поголем избор и достапност за купување криптовалути користејќи некои од најпопуларните опции за плаќање преку мобилни телефони“.

 

Набил Манџи, Раководител на FinTech Growth и финансиски партнерства во Worldpay додаде: „Дигиталните паричници како Apple Pay и Google Pay се етаблираа како претпочитани начини на плаќање за потрошувачите ширум светот. Binance нуди поголем пристап до криптовалутите обезбедувајќи им на корисниците повеќе начини да плаќаат за крипто, да го истражуваат светот на крипто со поголема леснотија и доверба и на крајот подобрувајќи го целокупното корисничко искуство.“

 

Оваа нова функција им олеснува на корисниците на Binance да пристапат до пазарот на криптовалути, што го прави попристапен и поудобен од кога било досега.

За повеќе информации за Apple Pay, прочитајте на: https://www.apple.com/apple-pay/

За повеќе информации за Google Pay, прочитајте на: https://pay.google.com/about/

 

За Binance: 

Binance е водечки глобален блокчејн екосистем зад најголемата светска берза на криптовалути по обем на тргување и регистрирани корисници. На Binance му веруваат повеќе од 260 милиони луѓе во 100+ земји поради безбедноста, транспарентноста, брзината намеханизмот на тргување, заштитата на инвеститорите и неспоредливото портфолио на производи и понуди на дигитални средства од трговија и финансии до образование, истражување, општествено корисни добра, плаќања, институционални услуги и карактеристики на Web3. Binance е посветен на изградба на инклузивен крипто екосистем за зголемување на слободата на пари и финансиски пристап за луѓето ширум светот со криптокако основно средство. 

За повеќе информации, посетете: https://www.binance.com

Next Post
Благодарение на Трамп, златото достигна нова рекордна вредност: Доколку имате злато, ова е најдобрата вест

Благодарение на Трамп, златото достигна нова рекордна вредност: Доколку имате злато, ова е најдобрата вест

За да се реши војната во Украина, светот прво мора да реши еден сериозен проблем

За да се реши војната во Украина, светот прво мора да реши еден сериозен проблем

Препорачани Вести

Кружат измамнички пораки во име на институции

1 week ago

Интервју со Горан Садикаријо: Евреите даваат свој придонес во развојот на македонската држава

11 months ago

Популарни Вести

  • Битола воведува електронско гласање во Советот – прв пример во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слукан: Западен Балкан е еден од најдинамичните пазари со висок раст за Binance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Хрватска е силен поддржувач на македонската европска перспектива

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ски сезоната на Копанки започнува оваа недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Платите лани се покачија за 9,2% – Славески вели дека околу растот на платите треба одговорно планирање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.