Sunday, February 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Една од најмоќните и најблиски жени до Трамп, ја згрози светската јавност со својата изјава по смртта на папата

by Уредник
22.04.2025
in Uncategorized
Една од најмоќните и најблиски жени до Трамп, ја згрози светската јавност со својата изјава по смртта на папата

Марџори Тејлор Грин ја разбесни јавноста со спорна објава по смртта на папата Франциск

Само неколку часа по објавата за смртта на папата Франциск, контроверзната американска конгресменка од Џорџија и отворена критичарка на Католичката црква, Марџори Тејлор Грин, предизвика жестоки реакции со својата објава на социјалната мрежа X.

Во понеделник наутро, околу девет часа по потврдата дека папата починал од последици од мозочен удар на Велигденски понеделник, Грин напиша: „Денес се случија големи промени во глобалното водство. Злото е поразено од божјата рака.“

Иако не прецизираше на што точно се однесува, нејзината порака беше протолкувана како радост по смртта на 88-годишниот поглавар на Католичката црква. На барањето за коментар од страна на британскиот The Independent, Грин не одговорила.

Оваа објава предизвика лавина реакции на социјалните мрежи. Корисниците ја обвинија за непримерно однесување и ја осудија како срам за Америка. „Ова е одвратно“, напиша еден корисник, додека друг додаде: „Ти си вистинското зло.“

Новинарката Меган Мекарти иронично се надоврза со коментар: „Мислев дека го сакаш Пит Хегсет?!“ — алудирајќи на актуелниот министер за одбрана, чие место е под закана поради скандал со групен чет.

Инаку, со смртта на папата Франциск започна деветдневен период на жалост, како и процесот за избор на нов поглавар на Католичката црква.

Марџори Тејлор Грин, иако крстена и венчана според католички обред, во 2011 година премина во протестантската евангелистичка црква, каде што беше повторно крстена. Во 2022 година изјави дека ја напуштила Католичката црква бидејќи, како што рече, повеќе не им верувала на нејзините лидери дека ќе ги заштитат децата од педофилија.

И покрај тоа, Грин призна дека има исклучителни верници и чесни свештеници, но тврди дека црковната хиерархија е „под контрола на Сатаната“ и „исполнета со криминалци и злоставувачи“.

Next Post
Компанијата позади ChatGPT открива што се случува кога ќе напишете “те молам” или “благодарам”: Кошмар кој чини милиони

Компанијата позади ChatGPT открива што се случува кога ќе напишете "те молам" или "благодарам": Кошмар кој чини милиони

Binance им овозможува на корисниците да купуваат крипто користејќи ApplePay и Google Pay

Препорачани Вести

Познато е во кои 11 европски градови ќе се шири НБА

11 months ago

Дете тешко повредено во судир со тротинет – пренесено со хеликоптер во болница

6 months ago

Популарни Вести

  • СЗО предлага повисоки даноци за слатките и алкохолните пијалаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија лидер во извозот на зелка и моркови за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Технички дефект на жичницата во Бурса: 51 лице евакуирано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на струјата го парализира јавниот транспорт во Киев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мир по секоја цена: Хороскопски знаци што бегаат од расправии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.