Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Нов план за прекин на огнот помеѓу завојуваните страни, се огласи Хамас

by Уредник
22.04.2025
in Uncategorized
Нов план за прекин на огнот помеѓу завојуваните страни, се огласи Хамас

Нова формула за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас предложена во Каиро

Палестински висок претставник, запознаен со текот на преговорите, за Би-Би-Си изјави дека посредници од Катар и Египет предложиле нов модел за траен прекин на огнот во Појасот Газа. Планот предвидува пет до седум години примирје, ослободување на сите израелски заложници во замена за палестински затвореници, формален крај на војната и целосно израелско повлекување од Газа.

Делегација на Хамас, предводена од политичкиот шеф Мохамед Дарвиш и главниот преговарач Калил ал-Хаја, треба да допатува во Карио на консултации. Израел сè уште официјално не го коментирал предлогот.

Во меѓувреме, од понеделник вечер, 22 Палестинци беа убиени во низа израелски воздушни напади во Кан Јунис, Џабалија, Беит Лахија и градот Газа, според податоци од здравствените власти на Хамас. Дополнително, 45 лица биле повредени.

Сведоци ги опишуваат нападите како „интензивни“, со уништена механизација што локалните власти ја користеле за расчистување на урнатини и отворање патишта. Израелски тенкови биле забележани и во јужниот дел на Рафа.

Состанокот доаѓа неколку дена по одбивањето на последниот израелски предлог, кој бараше разоружување на Хамас во замена за шестнеделно примирје. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека нема да го прекине војувањето пред Хамас да биде уништен и сите заложници вратени.

Хамас, пак, побара гаранции за крај на војната пред ослободување на заложниците.

Палестински извор за Би-Би-Си откри дека Хамас е подготвен управувањето со Газа да го препушти на „национално и регионално договорен“ ентитет – можеби Палестинската самоуправа или нова административна структура. Но, Нетанјаху ја отфрли опцијата за вклучување на Палестинската самоуправа.

Иако шансите за успех сè уште се неизвесни, изворот ги опиша преговорите како „најсериозни досега“, истакнувајќи дека Хамас покажува „невидена флексибилност“.

Според податоците на Министерството за здравство во Газа, кое е под контрола на Хамас, од почетокот на израелската офанзива по нападот на 7 октомври 2023 година, во кој беа убиени околу 1.200 Израелци, загинале 51.240 Палестинци, главно цивили.

Во меѓувреме, Палестинската амбасада во Каиро нареди евакуација на својот персонал и нивните семејства во градот Ариш, блиску до границата со Газа, поради влошената безбедносна ситуација.

Next Post
Временска прогноза: Еве какво време ја очекува Македонија во наредните денови

Временска прогноза: Еве какво време ја очекува Македонија во наредните денови

Апсење во тетовската Клиничка болница

Препорачани Вести

Голем студентски и граѓански протест вечерва во Белград против владеењето на Вучиќ

Голем студентски и граѓански протест вечерва во Белград против владеењето на Вучиќ

7 months ago

Армин ван Бурен вечерва во Битола: Светски музички спектакл на стадионот „Петар Милошевски“

6 months ago

Популарни Вести

  • fondacija frosina kulakova

    Донаторска уметничка вечер го најавува почетокот на фондацијата „Фросина Кулакова“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нестабилно облачно време, локален дожд и снег на повисоките предели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без струја денес делови од Кисела Вода и Чаир

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на водоснабдувањето во Маџир Маало од 9:30 часот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.