Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

ОПШТИНА БИТОЛА ОБЈАВУВА ЈАВЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОГРАМАТА НА БИТОЛСКОТО КУЛТУРНО ЛЕТО „БИТ ФЕСТ 2025“

by Уредник
22.04.2025
in Uncategorized

Општина Битола, оваа година по 17 пат го организира Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“.

Предмет на јавниот повик е кофинансирање на манифестации и проекти од областа на културата:

  • музичка и музичко – сценска уметност
  • театар
  • ликовна уметност
  • видео, фото, филмска уметност
  • литература
  • фолклор
  • нови уметности
  • мултидисциплинарни проекти

Вкупниот износ на средства кои се предвидени со овој повик е 2.500.000,00 денари.
Активностите треба да бидат реализирани заклучно со 31.08.2025 год.

Право на учество на јавниот повик имаат сите заинтересирани субјекти, физички лица, правни лица, здруженија на граѓани, владини организации и јавни установи од областа на културата (со седиште во Општина Битола).
Ако апликантот е со седиште во друга општина, проектот/активноста треба да биде одржана на територија на општина Битола.
Со цел, поддршка и промоција на културните настани и дисперзија на случувањата на различни локации во Општината, приоритет ќе имаат манифестациите и предлог настаните кои ќе се одржат на алтернативен простор, соодветно на комплетноста на апликационата форма.
Организаторите на културните настани и манифестации кои се дел од програмата за култура, усвоена од Советот на општина Битола, немаат право да аплицираат на овој повик, а нивните манифестации ќе бидат дел од Програмата на „БИТ ФЕСТ 2025“.

Потребни документи за пријавување за правни лица:

  • Барање (Апликација)
  • Копија од Решение за регистрација
  • Копија од Тековна состојба од Централен регистар не постара од 3 месеци
  • Изјава од овластено лице на апликантот, дека по реализацијата на активноста до Општина Битола ќе се достават наративен извештај со фотографии и финансиски извештај – докази за направените трошоци (копии од фактури, фискални сметки со сметкопотврди, налози за плаќање од банка) во текот на активноста (Проектот) заверена на нотар (во оригинал)

Потребни документи за физички лица:
-Барање (Апликација)
-Изјава дека по реализацијата на активноста до Општина Битола ќе се достават наративен извештај со фотографии и финансиски извештај – докази за направените трошоци (копии од фактури, фискални сметки со сметкопотврди, налози за плаќање од банка) во текот на активноста (Проектот) заверена на нотар (во оригинал).

Повеќе информации за повикот достапни се на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/bitfest-2025/.

Next Post
Анчелоти пред дуелот со Хетафе: „Не сум тренер што камшикува. Ако сакате таков – најдете друг“

Анчелоти пред дуелот со Хетафе: „Не сум тренер што камшикува. Ако сакате таков – најдете друг“

Светот изненаден: Трамп ќе гради облакодер со 150 ката во центарот на Москва?

Светот изненаден: Трамп ќе гради облакодер со 150 ката во центарот на Москва?

Препорачани Вести

zatvor

ЈО: Специјализираното одделение ги истражува случувањата во „Шутка“, ќе има постапки против инволвираните затворски полицајци

12 months ago

РАЗОТКРИЕНА ФАБРИКА ЗА ЛАЖНИ ЕВРА: ШЕСТМИНА ОБВИНЕТИ, НАД 100.000 ФАЛСИФИКУВАНИ БАНКНОТИ ВО ОПТЕК

6 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.