Connect with us

Република

Вонреден состанок за справување со уличните кучиња во Битола: Хачико, Ветеронарните клиники и АХВ на заедничка маса

Почитувани, во текот на изминатите две недели бевме сведоци на неколку немили настани предизвикани од напад од бездомно куче, кои не потресоа сите нас и целата битолска јавност и покрај сите заложби на прифатилиштето да дејствува согласно законските прописи.
На денешниот состанок ги разгледавме сите законски можности и начини со кои кучињата безбедно ќе се отстранат од улица и ќе се сместат во прифатилиштето, но за жал, согласно законот во ваквото делување сме премногу ограничени.
Согласно законските регулативи, доколку кучето излегло од процесот на стерилизација и кастрација и социзализација, а не предизвикало штетен настан прифатилиштето нема законска можност да го залови повторно истото куче.
Во соработка со инспектор од Агенцијата за храна и ветеринарство и ветеринарните клиники, денес беа донесени следните насоки за постапување:

  1. Повторно заловување на кучината од критичните локации од пријавите со цел заштита на граѓаните;
  2. Заловување и времено чување на кучињата во прифатилиштето од центарот на градот (Широк Сокак, Градски парк, Саат кула, Офицерски дом) заради зголемениот број на туристи кои ќе бидат присутни во периодот што следи;
  3. На иницијатива на градоначалникот воспоставување на зголемена координација со СВР Битола, за зголемени контроли на критичните точки каде постои сомнеж дека се испуштаат кучиња од околните населени места или општини.

Во периодот од отворањето на прифатилиштето, процесот на стерилизација и кастрација го имаат поминато повеке од 200 кучиња што преставува повеке од 25% од вкупниот број. Но, согласно законските прописи, доколку заловеното куче не се вдоми, а не предизвикало штетен настан, обврзани сме истото да го вратиме на локацијата од каде е заловено.

Advertisement

Република

Тоневски: Новогодишното украсување оваа година со сопствени украси

Општина Пробиштип оваа година ќе ја реализира новогодишната декорација на поедноставен начин, соопшти градоначалникот Тони Тоневски. Поради големата финансиска задолженост и висината на цената од 30.000 евра што беше понудена на тендерот, украсувањето ќе се изведе без користење на средства од општинскиот буџет.

„Се користат сопствени украси од изминатите години, дополнети со светилки кои ни беа бесплатно отстапени за време на празниците“, изјави Тоневски.

Тој додаде дека средствата кои би биле наменети за украсување, по завршување на празниците ќе бидат уплатени за лекување на млад сограѓанин, за кого веќе подолг период се собираат донации низ целата земја.

„Како градоначалник и како општина, секогаш ќе бидеме тука да помогнеме на секој кому му е потребна поддршка, особено кога станува збор за здравствена потреба, бидејќи здравјето и човечкиот живот немаат цена“, порача Тоневски.

Градоначалникот им посака убави, мирни и весели празници на сите жители на Пробиштип.

Continue Reading

Република

Проданоски: Св. Никола е симбол на сплотеноста и духовноста на Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод големиот христијански празник Свети Николај Чудотворец – патрон и заштитник на градот, истакнувајќи дека овој ден има особено значење за сите прилепчани.

Тој нагласи дека Св. Никола во Прилеп не е само верски празник, туку ден на заедништво, солидарност и отворени домови, длабоко вкоренет во духовниот и општествениот живот на градот.

Оваа година, како што посочи Проданоски, се одбележуваат 20 години од одлуката Свети Никола да биде патрон празник на Прилеп, донесена по иницијатива на граѓаните во 2006 година, што претставува силна потврда за почитта кон традицијата и хуманите вредности.

Проданоски упати благодарност до годинашните домаќини на градската слава, компаниите „Матадор“ и „Бимфоод“, за нивниот придонес и достоинствено организирање на чествувањето, како и честитки до компанијата „Рустика“, која го презема кумството за наредната година.

Според него, достоинственото одбележување на јубилејот е доказ дека Прилеп ги чува своите корени и заеднички ја гради иднината како отворен и препознатлив град.

Во името на Локалната самоуправа и во свое лично име, Проданоски им го честиташе празникот на сите прилепчани, со желби Св. Никола да донесе здравје, мир, среќа и бериќет во секој дом.

Continue Reading

Република

Коњановски ја најави најбогатата „Зимска приказна“ досега во Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денес одржа прес конференција на која ја најави програмата на „Зимска приказна“. Го пренесуваме интегралниот текст од денешната прес конференција:

„Сакам да ја најавам програмата за дочекот на новата година, овде од центарот на Битола, каде минатата година на ова место се лизгавме, а годинава заеднички празнично како во нашите домови ќе гледаме новогодишни филмови на отворено.
А, за приказната да биде уште повозбудлива, на возот „Мечо“ ќе му се придружи и празничниот автобус, по битолски кажано празничната кружна.
Одбројувањето започна и сме на прагот на новата 2026 година.
Ова е период кога ги славиме празниците, си честитаме, си подаваме рака и уште поважно си посакуваме убави моменти.
Градот блесна во нова предновогодишна светлина, како увертира на сега веќе традиционалната „Зимска приказна“ која ја раскажува секој битолчанец, но и секој друг кој бил гостин за време на нејзиното одржување.
И оваа година ќе имаме програма за уживање на сите генерации и се надеваме дека и оваа „Зимска приказна“ ќе биде прераскажувана по убавите новогодишни моменти во следната година.

Главната сцена е на платото на Офицерскиот дом, но програмата е на повеќе локации, плоштадот „Магнолија“, во Пациото на Завод и музеј, Безистенот, Магазата, Инфо центарот на Пелистер, Киното Манаки, Центарот за култура, Близ молот, Порта Џез, Домот за стари лица „Сју Рајдер“, Ски патеката на Копанки, спортската сала „Боро Чурлевски“, „Бук хаус“ , Основното училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин“ и секако старата битолска чаршија која во изминатите години се надевам дека успеавме да ја вратиме во нејзиниот сјај, односно празнично да ја оживееме.

И во годинашната програма ги вклучивме и основните училишта од општината, градинките и едукативните центри за странски јазици.
Годинава, бројките ја потврдуваат приказната:

  • над 200 часа програма низ целиот град
  • од нив, околу 35 часа детска програма
  • 67 бендови
  • повеќе од 20 соло изведувачи
  • 5 фолклорни друштва
    -2 градинки и 11 училишта како активен дел од програмата

Ова е најголемиот зимски фестивал во Македонија веќе неколку години.
Ова е декемврискиот ритам на Битола.
Во оваа прилика ќе истакнам дел од настаните од програмата.
Програмата започнува утре со Дедо Мраз со фичото, потоа ќе имаме и германски божикен базар, Гром и Супер хикс, кино на отворено, па зимска техно игранка, изложба, Никола Зац со бендот в недела, Етно Илинден, КУД Илинден, француската алијанса, ансамблите за фолклор Плетенка и Гоце Делчев, куќа имам на Пелистер, од понеделник најдоброто од Битолскиот оркестар Дива, Инструментал бенд, Дрим тим, програма на градинките и училиштата од градот, Игор Димовски-Пауза за ракија, француски божикен настан, концерт на Пијан славеј, новогодишна караоке соба, Верица Ристевска, Огнен Здравковски, Паркети, Код 369 ( памперс), Влатко Лозановски, Бојана Скендеровски, оркестарот Маестрал, празнична штафета, музика, танц и мода, Си-До, битолски тамбураши, Бојан Стојков и Димитар Андоновски, натпревар на легендите на РК Пелистер, многу детски новогодишни претстави, Ареа, Александра Јанева, хуманитарен новогодишен базар, Деспина, Конзули, Модус бенд, новогодишен концерт на музичкото училиште, група Бонтон, Фонтана, Ламбе Алабаковски, а на последниот ден од годината на 31 декември, претпладне детска програма, претстави, Тралала, вечерта Борче Наумовски, Кабаре за раѓањето и вечноста, Баркод бенд и пред и во новата година со групата Нокаут, потоа Уникат бенд, Татјана Стефановска и групата Нектар.

Но, со тоа на завршува Зимската приказна туку продолжува со први на први пелистер, дедо мраз на мотор, во следните денови и Боемите, Деспина, Калабалак и на последниот ден на 5 јануари Дона и пријателите.

Продолжувањето на овој концепт, морам да истакнам дека е резултат на добрата соработка со ЈОУ КИЦ и ЈП Паркинзи, но најмногу сакам да им се заблагодарам на соработката на општествено одговорните компании кои и оваа година се наши верни поддржувачи.

Она на што често повикуваат граѓаните, на вклучување и општествена одговорност на приватни фирми, поддршка на јавни настани во интерес на нашиот град од приватниот сектор, на „Зимска приказна“ реално се случува.

Годинава покрај традиционалната соработка и поддршка од нашите верни партнери – приватни компании, на „Зимска приказна“, имаме комплетна поддршка и во делот на обезбедување на опрема за озвучување и осветлување на настаните на оваа манифестација, која е целосна донација од приватен оператор за сите настани на „Зимска приказна“, што значи за овој посебно важен дел во реализацијата на програмата, како организатори нема да имаме апсолутно никаков трошок.

Имајќи ја предвид ваквата заедничка организација и постапките кои се финализираат, по завршувањето на целата програма, јавно и транспарентно ќе ја објавиме и целата финансиска конструкција на манифестацијата.

На крајот ве поканувам сите заедно да уживаме во новогодишните празници, сплотени под новата новогодишна светлина на Битола. Да се забавауваме со музичката програма, да гледаме филмови и да возиме низ Битола со празничниот автобус. Магијата може да започне“, рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, а на прес конференцијата за своето учество зборуваа и директорот на ЈОУ КИЦ, Благојче Божиновски и директорот на ЈППЈЛП Паркинзи, Зоран Михајловски.

„Со воспоставената меѓуинституционална соработка со општината, соработката со приватниот сектор, како и соработката со ЈП „Паркинзи“, ЈОУ КИЦ Битола и оваа година е партнер на Општината во реализација на „Зимска приказна”. Како јавна општинска установа, од наша страна комплетно е ставен на располагање просторот на и пред Офицерски дом, целокупната наша техничка и логистичка поддршка и секако воспоставеното партнерство со сите општествено одговорни компании кои и оваа година сакаат да бидат дел од „Зимска приказна”. Како што спомена и градоначалникот, оваа година особено значајна поддршка за сите нас значи и обезбедената поддршка од приватен субјект за озвучување и осветлување на настаните, со голем квалитет и без финансиски оптоварување на нас како организатори.
Ова е начин на соработка преку кој сите заедно, јавниот и приватниот сектор, ги ставаме на располагање расположливите ресурси со кои се овозможува предновогодишно заживување на градот“ рече директорот на КИЦ, Благојче Божиновски.

„ЈП „Паркинзи“ и оваа година е активен учесник во Програмата на „Зимска приказна” со најголемата атракција за најмладите вовчето „Мечо”, кое со нова енергија и добро препознатлив бренд, интензивно, но со големо задоволство, денес ги завршува последните подготовки за да може од утре да стартува со својата добро позната рута на „Зимска приказна”.
Во изминатите две години, се покажа дека „Мечо”, навистина е омилен кај децата и претставува вистинско надополнување на содржинскиот концепт на „Зимска приказна”, а од друга страна овозможува доволно простор за претставување на општествената одговорност, која пак значи наша поддршка, но и поддршка на нашите хуманитарни заложби како претпријатие. Тоа значи дека и оваа година, продолжуваме со соработка со КИЦ, Општина Битола и приватниот сектор во интерес на создавањето креативно – забавни содржини за битолчани“ истакна директорот на „Паркинзи“, Зоран Михајловски.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг