Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Повик за помош: Една од најмоќните европски земји ќе започне да трупа војска на границата на НАТО?

by Уредник
23.04.2025
in Uncategorized
Повик за помош: Една од најмоќните европски земји ќе започне да трупа војска на границата на НАТО?

Германија се подготвува за потенцијална воена криза: Армијата бара логистичка поддршка од приватниот сектор

Германската армија се обрати до повеќе големи компании со барање за логистичка поддршка во случај на потреба од брзо распоредување на војници и опрема на источната граница на НАТО, објави весникот Handelsblatt.

Со оглед на централната позиција во Европа, Германија игра клучна улога како логистички центар. Земјата се има обврзано дека ќе придонесе со 35.000 војници и над 200 авиони и бродови во рок од 30 дена во случај на поголем конфликт, како дел од новиот модел на НАТО, насочен кон справување со растечките закани, особено од Русија.

Според Handelsblatt, армиското барање вклучуваше поддршка за транспорт на војници, муниција и опрема, во сценарио на евентуален напад од Русија. Во дискусиите е и идејата школа за летање на Луфтханза да обезбедува основна обука за пилоти на борбени авиони.

Меѓу компаниите што се дел од разговорите се одбранбениот гигант Рајнметал, авио-компанијата Луфтханза и државниот железнички оператор Дојче Бан.

Германските воени сили сѐ повеќе се потпираат на услуги од комерцијалниот транспорт во кризни подрачја. Фокусот на одбраната во последните години е вратен кон домашната безбедност, особено по руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година, што предизвика сериозна загриженост за европската безбедност.

Историска пресвртница и нов модел на регрутација

Неколку дена по почетокот на војната во Украина, германскиот канцелар Олаф Шолц ја најави „Цајтенвенде“ – историска пресвртница што доведе до формирање на фонд од 100 милијарди евра за модернизација на армијата.

Новата коалициска влада, предводена од Фридрих Мерц, објави план за доброволна воена служба со цел регрутација на над 100.000 нови војници во најкраток можен рок. Сите млади што ќе наполнат 18 години ќе добијат прашалник за проценка на нивната способност за воена служба, а погодните кандидати ќе добијат повик за доброволно пријавување.

Прашалникот ќе биде достапен и за младите жени што ќе сакаат да учествуваат.

„Потребни ни се 100.000 нови војници, и тоа веднаш“, изјави неодамна генерал Карстен Бројер, шеф на Бундесверот. Тој нагласи дека Германија има цел да изгради армија од над 460.000 луѓе, вклучувајќи резервисти и ветерани.

Во моментов, Бундесвер брои само околу 182.000 активни припадници. Минатата година повеќе војници ја напуштиле армијата отколку што се пријавиле, а речиси третина од новите регрути не ја завршиле основната обука.

Враќање на воената култура?

Иако Германија ја укина задолжителната воена служба во 2011 година, обидите да се рекламира армијата честопати наидуваат на отпор во јавноста. Министерот за одбрана Борис Писториус, за кого се очекува да остане на функцијата и во новата влада, го поддржува новиот модел како прагматичен компромис.

Но, одбранбените аналитичари предупредуваат дека доколку доброволната служба не привлече доволно млади, можно е повторно воведување на задолжителна регрутација.

Кристијан Рихтер од Институтот за одбранбени и стратешки студии во Хамбург вели дека неуспехот во регрутацијата би ја загрозил не само германската безбедност, туку и стабилноста на НАТО. Тој укажува дека сегашниот план подразбира дека доброволноста е само почетен чекор, со потенцијал за промени доколку се покаже неефикасен.

Аналитичарите велат дека Германија се обидува да воведе модел сличен на „тотална одбрана“ како во Шведска, кој интегрира воени и цивилни структури. Но, предизвиците остануваат сериозни – од лошата поврзаност на базите, до слабата присутност на армијата во секојдневниот живот на младите.

Професорот Карло Масала од Универзитетот на Бундесверот во Минхен предупредува: „Ако Берлин не успее да го обнови воениот капацитет до 2029 година – кога германската разузнавачка служба проценува дека Русија би можела да биде подготвена за потенцијален конфликт со НАТО – ќе биде предоцна.“

Next Post

Исчезна 15-годишно девојче од скопското

TESLA НА УДАР! ТАРИФИ И ПАД НА ДОБИВКАТА: ШТО НЕ ОЧЕКУВА НАТАМУ?

Препорачани Вести

Инцидент на Попова Шапка – МВР до детали од настанот

2 weeks ago

Покровск пред пад, Русите на 80 км од еден од најголемите градови

3 months ago

Популарни Вести

  • iran

    Трамп разгледува можни воени акции против Иран ако не се остварат преговорите за нуклеарната програма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Донаторска уметничка вечер го најавува почетокот на фондацијата „Фросина Кулакова“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нестабилно облачно време, локален дожд и снег на повисоките предели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без струја денес делови од Кисела Вода и Чаир

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на водоснабдувањето во Маџир Маало од 9:30 часот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.