Connect with us

Спорт

Страшни цифри во новиот договор на Кристијано Роналдо!

🤯 Страшни цифри во новиот договор на Кристијано Роналдо:
💰 Годишно: €200.000.000
💰 Месечно: €16.670.000
💰 Неделно: €3.888.000
💰 Дневно: €555.555
💰 По час: €23.150
💰 По минута: €390
💰 По секунда: €6.5
🤑 Просечна македонска плата во една минута.
👑 Легенда на теренот, но и цар на банкарската сметка.

Advertisement

Спорт

Омерагиќ: Посетата на Мамадов отвора нова фаза за македонскиот фудбал

Во „Куќа на фудбалот“ се одржа средба меѓу раководството на Фудбалската федерација на Македонија и Елкан Мамадов, директор за асоцијации и развој во ФИФА и еден од најблиските соработници на претседателот Џани Инфантино.

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, истакна дека посетата на Мамадов претставува силна потврда за одличната соработка со ФИФА и континуираната поддршка што федерацијата ја добива во реализацијата на стратешките цели, со посебен акцент на инфраструктурата и зајакнувањето на националните селекции.

Омерагиќ најави дека веќе се договара и посета на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, во првата половина на 2026 година, што дополнително ќе ја зацврсти соработката и ќе отвори нови можности за развој на македонскиот фудбал.

Тој нагласи дека ФФМ останува целосно посветена на принципите што се од клучно значење за ФИФА – транспарентност, одговорност и долгорочен развој на фудбалот на сите нивоа во Македонија.

Continue Reading

Спорт

ФФМ и Масар Омерагиќ со честитка до Шкендија за европскиот успех

Фудбалската федерација на Македонија и нејзиниот претседател Масар Омерaгиќ упатија честитки до фудбалскиот клуб Шкендија за изборениот пласман во елиминациската фаза од УЕФА Лигата на конференции.


Од ФФМ оценуваат дека остварениот успех е резултат на професионален пристап, изразен тимски дух и јасна амбиција за докажување на меѓународната сцена. Воедно, пласманот на Шкендија се посочува како значаен придонес за промоција на македонскиот клупски фудбал во европските натпреварувања.


„Успехот на Шкендија е потврда за квалитетната работа на клубот и неговото претставување надвор од границите на државата“, се наведува во честитката од Фудбалската федерација.
ФФМ им посака на фудбалерите и на стручниот штаб на Шкендија успешни и квалитетни настапи во продолжението од европската кампања, со надеж дека клубот ќе продолжи достојно да ја претставува Македонија на меѓународната фудбалска сцена.

Continue Reading

Спорт

Ристовски за МИА: Не можеме да креираме спортски резулти, но може да создадеме подобри услови за спортистите што создаваат успеси

Министерството за спорт не може да креира успеси во спортот. Успесите ги креираат федерациите, клубовите, тренерите. Ние сме тука да направиме услови што е можно подобри за тие луѓе да можат да работат и да создаваат успеси – истакна министерот за спорт Борко Ристовски во интервјуто за МИА, во кое ги сумира резултатите и ги посочи приоритетите во работата на Министерството за спорт во наредната година.

-Имаме повеќе приоритети. Еден од нив е донесувањето на новиот закон за спорт, подобрување на спортската инфраструктура, обезбедување на средствата или субвенциите од државата на вистински начин и со тоа да стимулираме што е можно повеќе спортски резултати. Но, повторно, ние не можеме да креираме успеси – не сме креатори на спортските резултати – меѓутоа можеме да ги поддржиме вистинските спортисти, вистинските клубови, да направиме нов закон за спорт, да изградиме спортска инфраструктура која ќе остане како трајна вредност во општеството. Тоа се главните приоритети на ова Министерство, заедно со подигнување на стандардите на неговото функционирање – вели министерот Ристовски.

За само година и половина, Министерството за спорт направи сериозни реформи – од затекната институција на ниско ниво до поставување темели за европски стандарди.

-За активен период од една година, година и пол на Министерството за спорт, направивме огромни поместувања во сите сегменти на неговото функционирање. Сите сме свесни дека ова беше институција која навистина беше на многу ниско ниво. Институција во која и вработени и раководни лица сè уште се под обвинение. Така што, после година и пол можам да кажам дека направивме огромни поместувања во тоа како треба да функционира една институција. Дали недостига уште многу за да стигнеме до европски стандарди? Да, меѓутоа ова е само почеток и мислам дека од година во година ќе одиме сè повисоко на скалилото на она што значи услуга и давање можност и на спортот и на сите овие луѓе кои што сакаат да се рекреираат и професионално да се занимаваат со спорт – посочи Ристовски.

Резултати во изминатите години, освен поединечни блесоци, немаме, што е поразително за една спортска нација како Македонија. Тоа се должи на системот кој со години функционирал и кој ние сега сакаме да го реформираме, истакна министерот за спорт.

-Реформа која значи вистинска поддршка и вложување во млади, талентирани спортисти, реформа која значи вложување во вистински спортските клубов или спортските субјекти, како сакате, и вложување во спортската инфраструктура која, најнапред, треба да ги обезбеди потребните услови за да може еден спорт да се развива и да бараме врвни резултати. Без инфраструктура не може да барате и да очекувате врвни резултати, и токму тоа е процесот или реформите кои ги започна Министерството за спорт. Мислам дека тоа не е процес кој може да даде резултати преку ноќ, меѓутоа, драго ми е што се забележува и во јавноста дека спортската инфраструктура ги прави првите чекори на промените во спортот или реформите во спортот. Сигурен сум дека за неколку години од сега ќе видиме многу повеќе успеси и во индивидуалните и во колективните спортови, пред сè, затоа што ќе создадеме повеќе услови за да се зголеми квантитетот и да можеме да имаме поголем избор, а спортските екипи и субјекти да имаат поголем избор при селекција на талентирани деца и на кадрите генерално, за да можеме да одиме едно скалило погоре и да постигнуваме уште поголеми резултати на спортски план – вели Ристовски.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг