На 22.04.2025 во 13.00 часот во угостителски објект во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле С.Ј.(53) од с.Седларево, тетовско, кој бил баран врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна. Тој е предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.









