Connect with us

Македонија

МИЦКОСКИ НАЈАВИ ИНВЕСТИЦИСКИ БРАН ОД 6 МИЛИЈАРДИ ЕВРА Ќе се градат пруги, болници, ски центри

Премиерот рече дека многу скоро во следните не повеќе 2 месеца ќе биде сето ова во јавноста објавено и точно ќе се знае од каде и што.

Во периодот кој што следи убеден сум дека успешно ќе испреговараме и ќе заокружиме инвестициски план помеѓу 5 и 6 милијарда евра кои што ќе се случат во Македонија. И откако ова ќе го заокружиме позитивно сакам да седнам со Стопанските комори и отворено да поразговараме дали ние имаме капацитет да сето ова го реализираме. Јас сум убеден дека имаме, но ни треба добра организација, изјави премиерот Христијан Мицкоски во поткастот „Каде се парите?”

-И сега ќе се обидам, нормално во интерес на преговорите и процесот да ги потенцирам вредностите и проектите, а многу скоро во следните не повеќе 2 месеца ќе биде сето ова во јавноста објавено и точно ќе се знае од каде и што. Но, целта моја лична и на Владата беше да се направи овој инвестициски бран, ќе се сложите ако нашиот БДП е условно кажано некои 16, 16, 5 милијарди проектиран номинален, ова претставува би рекол од 35 до 40% од нашиот БДП. Помеѓу половина милијарда и 1 милијарда се средства кои што ќе финансираат проекти за изградба на локални, регионални и експресни патишта. Дел од нив ќе бидат модернизирани односно реконструирани, дел ќе бидат изградени, затоа велам помеѓу половина милијарда и милијарда. Се преговараат условите итн. И тоа нема да биде нов долг, бидејќи ќе расте БДП, бидејќи во градежништвото парите три пати се вртат најмалку, и нема да биде нов долг, односно номинално ние може да го намалиме долгот – додаде тој.

Мицкоски најави и дека ќе почне изградбата на Клиничкиот центар Штип и на  болницата во Кичево, како и на други проекти каде што ќе се инвестираат меѓу 2,3 и 2,5 милијарди евра.

– Кога излеговме на терен со луѓето констатираа дека подобро на друга локација да го изградиме, отколку на таа, бидејќи темелењето е различно, сѐ е веќе различно. Значи поскапо е да се прави таму, да се реконструира постојниот кој е оставен 25 години да скапува, отколку нов. Реконструкција на Клиничката болница Тетово, операционите сали и два други оддели и пруга условно кажано би рекол брза која што ќе биде дел од коридорот 10 во која што возовите патнички одлучивме поради цената, иако сакавме да биде над 200 километри на час, но одлучивме поради цената да се движат по 160 споредбено со сегашните 30, 40, а карго 110. И овој бран ќе биде 2,3 и 2,5 милијарди евра инвестиција. Значи половина милијарда до милијарда локални, регионални и експресни патни правци, инвестиции во здравство Клинички центар во Штип, болница во Кичево и реконструкција на тетовска болница, брза пруга коридор 10 Табановце-Гевгелија. Ова е проект кој ќе натфрли помеѓу 3 до 3,5 милијарди евра – рече Мицкоски.

Тој рече  дека по основ на овие проекти ќе се зголеми БДП, а ќе се намали јавниот долг.

– По основ на овие проекти јавниот долг нема да оди нагоре, а БДП надоле. Напротив обратен процес ќе предизвика бидејќи ова се капитални инвестиции кои ќе ја покренат градежната оператива и три до четири пати ќе ги завртат парите. Тука по основ на овие проекти БДП ќе оди нагоре, а јавниот долг ќе оди надоле- рече Мицкоски.

Тој го прокоментира и престојот во Обединетите Арапски Емирати.

-Имав состаноци на високо ниво, се сретнав со претседателот на Емиратите. Се сретнав и со врвната бизнис заедница и врвните компании кои што функционираат надвор од Емиратите. Сите тие во мај или во јуни, треба да прецизираме, доаѓаат тука. Проектите за кои што разговараме се проекти на постоечки локации веќе изградени во Охрид, односно откуп од сопствениците, две нови локации, но поради ограничувањето од УНЕСКО, не можат да го видат својот полн капацитет, мораме да го пазиме тоа, Попова Шапка ски центарот, локацијата кај касарната за лендмаркс објект кој што ќе биде не само лендмаркс само за Скопје, туку би рекол  регионот, Чебрен и Галиште, но и друг тип на објекти како што се нови соларни и ветерни централи се проекти за кои што веќе има follow up од нашата посета, и веќе се разменуваат со институциите од тука податоци. Очекувам од овој инвестициски бран помеѓу 2 и 3 милијарди евра за Македонија -вели Мицкоски.

Advertisement

Македонија

Отворена за сообраќај клучката кај Подмоље на автопатот Охрид–Кичево

Сообраќајниот крак – клучката на автопатската делница Охрид–Кичево, кај селото Подмоље, е пуштен во редовен сообраќај, информираат од СВР Охрид. Со ова се нормализира сообраќајот на повеќе фреквентни правци, меѓу кои Охрид–Кичево–Скопје, Охрид–Струга, Струга–Кичево–Скопје и Струга–Охрид, без какви било дополнителни ограничувања.

Од полицијата нагласуваат дека клучката е целосно функционална и апелираат до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно и одговорно. Возачите на патнички и други моторни возила се повикуваат строго да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и поставената хоризонтална и вертикална сигнализација, со цел да се зголеми безбедноста на патиштата и да се избегнат несакани инциденти.

Continue Reading

Македонија

Јаневска: Загадениот воздух нема да донесе предвремен зимски распуст

Министерката за образование, Весна Јаневска, денеска увери дека учениците ќе продолжат со настава до крајот на месецов и потоа ќе заминат на редовниот зимски распуст, без предвремено распуштање поради загадениот воздух.

„Остануваат уште малку денови до распустот и во овој момент немаме информации дека здравјето на децата е загрозено“, истакна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Економскиот факултет на УКИМ. Таа додаде дека отсуствувањето ден-два поради здравствени причини не е проблем, но дека мора да се избегне негативната практика од минатото, кога се скратувале учебните денови поради различни причини.

„Жалам што морам да направам груба споредба, но во некои европски земји децата одат на настава дури и кога имаат грип, се додека нивното здравје не е сериозно загрозено. Нашите ученици не се пренатрупани со учење, и доколку нема сериозен здравствен ризик, не е проблем да отсуствуваат еден-два дена. Проблем беше кога се скратуваа учебните денови заради поевтини одмори или подготовки за писмени испити. Тие негативни појави треба да ги отстрануваме“, нагласи министерката.

Јаневска потенцираше дека одлуките секогаш ќе бидат носени во интерес на здравјето на децата, а во овој момент нема сигнал дека наставата е во опасност по нивното здравје.

Continue Reading

Македонија

Советот на Битола добива дигитален пресврт: Бојкоски најавува електронско гласање

bitola

Советот на Општина Битола започна со нова, модерна практика – воведување пилот-проект за електронско гласање, кој ветува побрзи, поефикасни и по транспарентни седници од кога било досега.

Претседателот на Советот, Бојкоски, истакна дека на денешната Комисија за јавни дејности членовите имаа можност да го тестираат системот во практика. „Во периодот што следи, истиот ќе се имплементира и на останатите комисии“, соопшти Бојкоски.

Интересно, системот за електронско гласање е целосно развиен од ИТ тимот на општината, без ангажирање на надворешни фирми и без дополнителни трошоци за буџетот на Општина Битола.

„Ова е уште еден чекор кон модерна, транспарентна и одговорна локална самоуправа, во интерес на граѓаните на Битола“, додаде Бојкоски.

Според најавите, електронското гласање ќе го забрза процесот на донесување одлуки и ќе ја зголеми отчетноста на членовите на Советот. Сепак, за да се обезбеди веродостојност, ќе се потврдува и физичкото присуство на лицето задолжено за верификација.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг