Connect with us

Црна Хроника

МВР со детали: Лекари, адвокати и службеници од Скопје, Велес, Тетово и Гостивар уапсени за мега афера со поткупи за инвалидски пензии!

Во координирана полициска акција на Министерството за внатрешни работи и обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, вчера беа извршени претреси на повеќе локации низ Скопје, Велес, Тетово и Гостивар, при што беа уапсени 23 лица, а едно е во бегство.

Од МВР информираат дека се разоткриени две организирани криминални групи, составени од лекари, правници, социјални работници и јавни службеници, кои со лажна медицинска документација, фалсификувани извештаи и поткупи незаконски овозможувале добивање на право на инвалидска пензија и туѓа нега.

Запленети се 110.000 евра, 65.000 денари, 100 долари, мобилни телефони, нотеси со имиња на должници и голем број факсимили и медицински документи. Кривична пријава е поднесена против 49 лица, меѓу кои и вработени на државни клиники, пензионирани лекари, адвокати и членови на ревизорски комисии.

Групите, според истрагата, земале поткуп од граѓани во замена за добивање на социјални права, притоа ангажирајќи медицински персонал кој без присуство на пациентите издавал лажни дијагнози и извештаи.

Со оваа афера, според МВР, е предизвикана голема финансиска штета на буџетот на државата, а истрагата продолжува и за други можни вмешани лица.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против 49 лица и тоа: С.М. (58) од Скопје (поранешна вработена во Универзитетската клиника за уво, нос и грло Скопје), Г.К.Б. (55) од Скопје (вработена во Универзитетска клиника за уво, нос и грло Скопје, член на Комисијата за ревизија на наод, оцена и мислење за утврдување на инвалидност односно неспособност за работа), П.М.Д. (73) од Скопје (лекар, член на Комисијата за оцена на работна способност во ФПИОСМ во период од 01.02.2023 до 30.06.2024), М.П. (53) од Скопје, Ч.Ј. (63) од Скопје, Г.Б. (54) од Скопје (вработен во ЈП Македонија пат), С.Л. (50) од Скопје (вработена во Универзитетска клиника за неврологија Скопје), К.Н. (69) од Велес (пензиониран лекар, во моментот вешто лице за Основен кривичен суд Велес), Ј.К. (47) од Скопје (сопственик и управител на правно лице од Скопје), В.К. (42) од Велес (адвокат), Б.Б. (44) од Велес (вработена во ЈЗУ Општа болница Велес, претседател на Стручната комисија за издавање на наод, оцена и мислење за потребата од помош и нега од друго лице во рамките на ЈЗУ Општа болница Велес), Т.Ј. (50) од Велес (вработен во ЈЗУ Општа болница Велес), Б.Ј. (45) од Велес (вработена во ЈЗУ Општа болница Велес), К.Х. (63) од Скопје (вработен во Универзитетска клиника за психијатрија Скопје и член на Комисијата за ревизија на наод, оцена и мислење за утврдување на инвалидност, односно неспособност за работа при Министерството за социјална политика, демографија и млади), Ј.Ј. (66) од Крива Паланка, В.С. (65) од Велес, Т.Д. (61) од Студеничани, Л.Ј. (62) од Скопје, Е.Т. (55) од Велес, Д.Д. (52) од Скопје (вработен во ЈУ Центар за социјална работа – Тетово), В.Ј. (49) од Велес (лекар, овластено лице во ординација за општа медицина и специјалистички ординации во Велес), Ј.Д.Р. (33) од Велес (лекар, овластено лице во ординација по општа медицина во Велес), Б.К. (60) од Велес (лекар, овластено лице во ординација по општа медицина во Велес), Е.З. (41) од Велес (вработена во ЈЗУ Општа болница Велес), М.Љ. (69) од Скопје, В.М. (60) од Скопје, Н.Р. (48) од Тетово, С.Р. (72) од Тетово, Ј.К. (34) од Скопје, В.С. (62) од Скопје, М.Ј. (54) од Скопје, Х.М. (50) од Скопје, В.А. (60) од Куманово, Г.А. (61) од Скопје, М.Г. (56) од Скопје, С.Д (59), М.Ј. (56) од Велес, Р.Љ. (73) од Гостивар, М.Ф. (58) од Гостивар, Н.Ф (65) од Гостивар, Ф.Љ. (54) од Гостивар, Ќ.Ј. (60) од Студеничани, Е.К. (52) од Скопје, Л.Р.(57) од Куманово, З.Б. (53) од Скопје, Г.З. (59) од Куманово, Д.А. (47) од Велес, Љ.Ц. (46) од Скопје и Д.Ѓ. (62) од Велес, за кои беа обезбедени докази за криминално коруптивно дејствување на две организирани криминални групи, двете формирани во текот на 2023 година, при што членови на организираните криминални групи со прекршување на Законот за социјална заштита, Законот за пензиско и инвалидско осигурување, Закон за здравствена заштита, како и други закони и подзаконски акти кои ги регулираат постапките за стекнување со право на помош и нега од друго лице и право на инвалидска пензија, во континуитет ги извршувале кривичните дела: „злоупотреба на службената положба и ги овластување“ по чл. 353 од КЗ, „помагање“ по член 24 во врска со „злоупотреба на службената положба и овластување“ по чл. 353 од КЗ, „примање поткуп“ по член 357 став 1 од КЗ, „давање поткуп“ по член 358 став 1 од КЗ, „примање награда за противзаконито влијание“ по член 359 став 7 вв став 2 од КЗ, „давање награда за противзаконито влијание“ по член 358-а став 2 од КЗ, со кои за себе и за други лица противправно прибавуваат имотна корист и овозможуваат неосновано стекнување со социјално право на туѓа нега и право на инвалидска пензија, со кои противправни дејствија предизвикуваат штета на буџетот и фондовите на државата.

Двете организирани криминални групи делувале на начин што од лица баратели на социјалното право помош и нега од друго лице – туѓа нега, барале и примале пари–поткуп, а за возврат извршувале противправни дејствија со директно или индиректно давање или нудење на парични награди поткуп на службени лица, а со кои дејствија на барателите им обезбедуваат исполнување на условите за успешно водење на постапката за стекнување со право на туѓа нега, како што се: постапките за остварување на право на туѓа нега ги пријавувале барателите кои давале поткупи кај матични доктори кои вршеле дејност во Велес како Стручната комисија за издавање на наод оцена и мислење при ЈЗУ „Општа болница Велес“, обезбедувале вршење медицински прегледи кај матичните доктори и издавање на медицински упати и други медицински документи на лицата кои давале поткуп без нивно присуство, обезбедувале клинички или болнички прегледи кај доктори и медицински лица без присуство на лицата и обезбедувале издавање на медицински документи за извршените прегледи, како и противправни дејствија на изготвување, обезбедување и употреба на медицинска документација во вид на медицински упати, отпусни писма, медицински извештаи, контроли и контролни прегледи, психолошки тестови, конзилијарни мислења, потврди за медицински помагала и друга медицинска документација, кои документи се со невистинита содржина, а врз основа на која документација, преку припадниците на криминалната група кои се членови во Комисиите кои одлучувале за остварување на право на туѓа нега, влијаеле и овозможувале успешно водење на постапките, како и донесување одлуки во корист на барателите на овие социјални права, односно донесување на одлуки за право на туѓа нега во корист на лицата кои давале поткуп на членовите од двете криминални групи, соопшти МВР.

Advertisement

Црна Хроника

Интервентната полиција приведе тежок криминалец – МВР со детали

Лишено од слобода лице барано со потерница за издржување казна затвор

Денеска (18.12.2025) во 16:30 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје по издадена судска наредба го лишија од слобода Е.Т. (26) од Скопје во врска со сторено кривично дело “Тешка кражба” за издржување на казна затвор во времетраење од три години.

По целосно документирање на случајот лицето ќе биде предадено во казнено-поправна установа.

Continue Reading

Црна Хроника

Тепачка пред казино во Тетовско

На 17.12.2025 во 11:10 часот во СВР Тетово, Г.С.(25) од с.Волковија пријави дека во казино во Тетово, по претходна расправија, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Continue Reading

Црна Хроника

Уапсени лихвари – Полицијата со детали

Кривична пријава против двајца кавадарчани за сторено кривично дело “лихварство”

ОВР Неготино, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против Н.С.(59) и Р.С.(34), двајцата од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик. Според пријавнеото, тие во периодот од јуни 2023 до ноември 2025 година на лице од Неготино му давале пари на заем со писмени и усни договори, а за себе договарале несразмерна имотна корист во вкупна вредност од 167.000 денари. за што оштетениот доставил и докази. Со наредба од Основен суд Кавадарци извршен е претрес во нивниот дом и помошни простории, при што се пронајдени и одземени мобилни телефони, а од Н.С. се одземени тефтери со забелешки, по што двајцата се лишени од слобода.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг