Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ на отворањето на регионалната канцеларија на УЕФА во Истанбул

by Уредник
24.04.2025
in Uncategorized

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ на покана од УЕФА и Фудбалската федерација на Турција, присуствуваше на свеченото отворање на новата регионална канцеларија на УЕФА во Истанбул.

Настанот се одржа во присуство на бројни високи претставници од светот на фудбалот, вклучувајќи ги и претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган и претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

Свеченоста беше одбележана со присуство на речиси сите претседатели на фудбалските сојузи од регионот, што сведочи за значењето на овој стратешки проект за понатамошен развој и унапредување на фудбалската соработка во Југоисточна Европа.

ФФМ ја поздравува оваа иницијатива на УЕФА и изразува подготвеност за активна соработка со новата канцеларија во насока на реализација на заеднички проекти и унапредување на фудбалот во регионот.

Масар Омерагиќ – претседател на ФФМ:

“Преку оваа нова канцеларија, УЕФА ќе ја зајакне својата координација со земјите од регионот, а интеграцијата на европскиот фудбал ќе се продлабочи уште повеќе. Турција, држава со современи стадиони и инфраструктура, ќе биде домаќин на три големи настани на УЕФА во краток временски период, вклучувајќи ја и организацијата на ЕУРО 2032, а тоа е потврда за развојот и нивната посветеност во работата. Сакам да му изразам благодарност на претседателот на Турската фудбалска Федерација и на УЕФА за нивната соработка, поддршка и доверба.“

Александар Чеферин – претседател на УЕФА:

“Турција продолжува да покажува уште поголема амбиција и посветеност да се докаже како еден од светските лидери во организирањето глобални спортски настани. Со сè поголем број значајни турнири што се приближуваат, решивме да отвориме канцеларија во Истанбул за да имаме силно локално присуство и да обезбедиме безпрекорно одржување на престижните натпревари.“

Ибрахим Етем Хаџиосманоглу – претседател на ТФФ:

“Продлабочувајќи ја нашата соработка со УЕФА ќе продолжиме да преземаме чекори кои ги унапредуваат универзалните вредности на фудбалот. Се надевам дека овој значаен ден ќе биде успешен за нашата земја, нашата фудбалска заедница и за УЕФА. Сакам да ја изразам мојата благодарност до сите кои дадоа придонес за да го оствариме ова и на сите кои се присутни денеска и го споделија овој момент со нас”.

Next Post
Кралот Чарлс нема дозвола да присуствува на погребот на папата?

Кралот Чарлс нема дозвола да присуствува на погребот на папата?

“Му најдов девојка на сопругот”: Ме изневеруваше, па ја најдов мојата копија и го спасив бракот- тројцата живееме заедно и никогаш не сме биле посреќни

"Му најдов девојка на сопругот": Ме изневеруваше, па ја најдов мојата копија и го спасив бракот- тројцата живееме заедно и никогаш не сме биле посреќни

Препорачани Вести

Три хороскопски знаци ги очекува богатство до крајот на септември

Три хороскопски знаци ги очекува богатство до крајот на септември

4 months ago

Полицијата во акција: Уапсени татко и син – Ова се причините

5 months ago

Популарни Вести

  • „Илинден“-Тирана со целосна поддршка за тужбата против центрите за мигранти во Пустец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Прилеп: Темелно чистење на коритото на Градската река кај минорот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Влада со Бадентер не ги фаворизира Албанците, потребна е подлабока анализа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Кон крајот на месец март се очекува реконструкција на Владата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Браќата Лтеиф ги документираат убавините на Христијанството преку платформа на Инстаграм од 700.000 следбеници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.