Connect with us

Спорт

Ракометен спектакл пред полни трибини во Битола

Ракометниот клуб на Е.Пелистер во рамките на петтото коло на плеј-офот од Суперлигата го дочекува Вардар 1961 во натпревар кој може да биде клучен за понатамошниот тек на сезоната.

Досега двата ривали во плеј-офот беа сигурни, забележаа по четири победи и го победија третиот претендент Алкалоид оставајќи го без реални шанси во борбата за титулата. Сега доаѓа за нив она најважното, а тоа е првиот од двата меѓусебни дуели кои се очекува да ја одлучат битката.

Математиките се јасни, пелистерци со евентуална победа во новото дерби ќе се приближат до трета титула во низа.

Спортската сала „Боро Чурлевски“ која одново беше распродадена на брзина. Додадена вредност на дербито му дава присуството на двете навивачки групи домашните „Чкембари“ и гостинските „Комити“. Дуелот во Битола се игра во терминот од 18:30 часот.

Advertisement

Спорт

КОНКУРС за идејно решение за изработка на пехар за шампион на Македонија во ПРВА МФЛ

Фудбалската федерација на Македонија распишува конкурс за избор на најдобро идејно решение за новиот пехар наменет за шампионот на Македонија во Првата фудбалска лига.

Целта на конкурсот е да се изработи современо, препознатливо и автентично уметничко решение кое ќе ја симболизира традицијата, енергијата и победничкиот дух на македонскиот фудбал.

Право на учество:

Право на учество имаат: академски уметници, дизајнери, студенти на ликовни академии, архитекти, скулптори и други лица со креативен визуелен израз.

Секој учесник може да конкурира со најмногу три идејни решенија.

Учесниците треба да достават:

Кратко образложение за концептот на пехарот.

Визуелна презентација: скица, 3D рендер, технички цртеж или макета (фотографии).

Предлог материјали, висина и форма на пехарот.

Контакт информации.

Критериуми за избор

Креативност и оригиналност

Препознатлив македонски визуелен идентитет

Функционалност и издржливост

Можност за реализација

Естетика и симболика

Рок и начин на доставување

Идејните решенија се доставуваат електронски на:ffm@ffm.com.mk или во архивата на ФФМ (бул. АСНОМ 21) најдоцна до 15. март 2026.

Continue Reading

Спорт

ПСЖ и Фламенго во финалето за Интерконтиненталниот куп

Вечерва во 18:00 часот, на стадионот „Ал Рајан“ во Катар, во големото финале на Интерконтиненталниот куп, силите ќе ги одмерат Пари Сен Жермен и Фламенго. Французите го бркаат својот прв светски трофеј во историјата, додека Бразилците сакаат да се вратат на тронот по пауза од цели 44 години.

Тимот на Луис Енрике пристигнува во Доха со амбиција конечно да ја круниса својата европска доминација со глобален печат. Како актуелни шампиони на Европа, ПСЖ имаа привилегија на директен билет за финалето, но патот до овој момент не беше без трње. Се уште се под впечаток од летниот пораз од Челзи (0:3) во финалето на Светското клупско првенство, а притисокот е зголемен и поради неизвесната трка во домашното првенство каде Ленс им дише во врат.

Сепак, токму во Катар започна нивната златна серија со триумфот над Монако, а со враќањето на Усман Дембеле и голманот Лукас Шевалие, Енрике верува дека ќе успее да го земе трофејот. Единствен голем хендикеп останува отсуството на брзоногиот Ашраф Хакими.

Од другата страна стои „црвено-црната“ лавина од Рио де Женеиро. Фламенго преживува ренесанса под палката на Филипе Луис. Откако во само седум дена ги покорија Бразил и Јужна Америка (Копа Либертадорес), сега нивниот нишан е насочен кон светот.

Навивачите на Фламенго со децении го прераскажуваат митот за 1981 година и лекцијата одржана на Ливерпул (3:0). Денешниот тим, предводен со тактичката дисциплина, сака да го повтори тој подвиг. Иако настапот на голгетерот Педро е под знак прашалник, Фламенго покажа дека знае како со европските гиганти, потсетувајќи на неодамнешната победа над Челзи (3:1).

Continue Reading

Спорт

Бразилецот Да Силва потпиша за Вардар – новитет во редовите на скопскиот гигант

Ракометниот клуб Вардар повлече значаен стратешки потег во пресрет на клучниот дел од сезоната. Жоао Педро да Силва (30) е новиот бек на линијата на „вардарци“. Неговиот ангажман, кој ќе трае две и пол сезони, е потврда за долгорочната визија на управата за враќање на врвот.

Стручниот штаб во Да Силва гледа профил на играч кој носи брзина, интелигентни решенија и потребна разновидност во офанзивата. Со оглед на тешките предизвици во Лига Европа кои следуваат во февруари и март, како и домашниот плеј-оф, Бразилецот доаѓа како клучно засилување во вистински момент. Неговата промоција во Скопје е закажана за почетокот на идната година, кога ќе бидат финализирани и последните детали од соработката.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг