Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Зеленски откри вознемирувачки детали за ракетата која денес го погоди Киев

by Уредник
25.04.2025
in Uncategorized
Зеленски откри вознемирувачки детали за ракетата која денес го погоди Киев

Зеленски: Ракетата што го погоди Киев е севернокорејска, содржи компоненти од САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес преку социјалните мрежи соопшти дека ракетата употребена во вчерашниот разорен напад врз Киев, во кој загинаа 12 лица, а над 90 беа повредени, е произведена во Северна Кореја.

„Недостатокот на доволен меѓународен притисок врз Русија ѝ дозволува да увезува вакви ракети и друго оружје, кое подоцна го користи тука – во срцето на Европа“, рече Зеленски. Тој додаде дека истото важи и за Северна Кореја и нејзините сојузници, кои, според него, непречено продолжуваат со производството на балистички ракети.

Зеленски истакна дека ракетата што го погодила Киев содржела најмалку 116 компоненти од странско производство, од кои, како што нагласи, „за жал, најголемиот дел се направени во Соединетите Американски Држави“.

Претседателот ја искористи можноста да предупреди и за поширокиот контекст на војната, посочувајќи дека во денешниот свет, ниту една жртва на агресија не се брани само од еден непријател.

„Секоја војна брзо прераснува во конфликт со вклучени повеќе актери. Затоа одбраната мора да биде резултат на колективни напори“, рече тој.

Зеленски повторно апелираше за засилен и итен меѓународен притисок врз Москва.

„Веќе 45 дена Украина го има прифатено предлогот на претседателот Трамп за прекин на огнот – на небото, на море и на копно. Понудивме да го продолжиме, особено за време на Велигден. Дури директно предложивме Русија да престане да ги напаѓа цивилните цели. Но, сè беше одбиено“, посочи украинскиот лидер.

Тој додаде дека без сериозен меѓународен притисок врз Кремљ, нема да има реален напредок кон мир.

„Запирањето на убиствата мора да биде прв приоритет“, заклучи Зеленски.

Next Post

Коњановски: Со песна и игра ја негуваме традицијата на Источен Петок – Балаклија

Одлични вести за навивачите на Реал Мадрид пред утрешниот натпревар со Барселона

Одлични вести за навивачите на Реал Мадрид пред утрешниот натпревар со Барселона

Препорачани Вести

Жена и дете прегазени на пешачки премин на „Партизанска“

Скопјанка брутално ограбена во Аеродром – напаѓачот ѝ ги зел парите и избегал!

7 months ago

Ѓорѓиевски: Половина век од осветувањето на храмот „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче

4 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.