Connect with us

Економија

Божиновска го најави новиот Закон: Повеќе права за граѓаните, нова ера во енергетиката

Скопје. 25 април 2025 – Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини предложи нов Закон за енергетика кој најавува големи промени за граѓаните и енергетскиот систем во Македонија. Министерката Сања Божиновска појасни дека законот, кој содржи 317 члена, е веќе во собраниска процеура и поминал без забелешки на собраниските комисии.

Новото законско решение предвидува формирање на локални енергетски заедници, каде граѓаните ќе можат заеднички да поставуваат соларни панели, да произведуваат електрична енергија за сопствени потреби и да го продаваат вишокот. Ова ќе им овозможи на граѓаните поголема контрола врз потрошувачката и значајни заштеди на сметките за струја.

Првпат се воведува и методологија за утврдување на енергетската сиромаштија. Според Божиновска, досега неофицијално се идентификувани околу 50.000 домаќинства како енергетски ранливи, но со новата методологија ќе се добијат точни податоци. Ранливите категории ќе бидат заштитени со пониски цени, државни субвенции и забрана за исклучување од електрична енергија, со цел ниту едно домаќинство да не остане без струја поради сиромаштија.

Законот пропишува обврска операторот ЕВН во рок од седум години да ги замени 80% од постоечките броила со паметни смарт броила кои ќе овозможат далечинско читање на потрошувачката и ќе спречат задоцнето издавање на сметки. Секој потрошувач ќе има можност за промена на снабдувачот за струја во рок од 48 часа, без трошоци за домаќинствата и малите бизниси.

Исто така, законот воведува регулација за батериски системи за складирање на електрична енергија, што ќе овозможи користење на соларна енергија и ноќе. Со тоа се стимулира развојот на обновливите извори на енергија и се зголемува сигурноста на електроенергетскиот систем.

Голем фокус се става и на јакнење на државната контрола врз енергетската инфраструктура. Со новиот закон, операторот на електропреносниот систем МЕПСО ќе премине под сопственост на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Со тоа, се осигурува дека МЕПСО останува во државна сопственост и нема да биде предмет на приватизација.

Божиновска истакна дека Министерството веќе работи на изготвување на десетгодишен план за развој на преносниот систем за да се подготви инфраструктурата за зголемен обем на обновлива енергија и потребите од е-мобилност. Новите регулативи ќе стимулираат инвестиции, ќе го либерализираат пазарот и ќе создадат посигурен, модерен енергетски систем, подготвен за идните климатски предизвици и европските стандарди.

„Овој закон е за иднината на Македонија. Ќе создаде стабилни цени, ќе го стимулира економскиот раст, ќе го забрза технолошкиот напредок и ќе нè приближи до европските климатски цели за 2050 година. Целта ни е Македонија со соларни панели на покривите, електрични возила на патиштата и стабилни сметки за струја“, заклучи министерката Божиновска.

Економија

Најбарани професии во ЕУ – продажба, маркетинг и производство

Според податоците на Евростат за минатата година, најголема незадоволена побарувачка за работна сила во Европската унија имало во професиите поврзани со продажба, маркетинг и производство. Ова укажува на можни тешкотии за работодавачите при регрутирање на персонал во овие сектори.

Според експерименталната статистика, составена делумно преку податоци од онлајн огласи за работа, највисоки стапки на слободни работни места биле забележани кај работници во производство и помошни канцелариски работници, со стапка од 7,3% секое. Следуваат други работници во продажба со 6,1% и уметнички, културни и кулинарски соработници со 6%.

Дополнително, околу 5,8% од непополнетите позиции се однесувале на работници во транспорт и магацини, 5,7% на менаџери за малопродажба и големопродажба, 5,4% на агенти за бизнис и услуги, 5,2% на оператори на постројки и машини и 5% на инженерски професионалци, со исклучок на електротехничките профили.

Евростат истакнува дека иако здравствените работници и наставниците, како и други занимања во јавниот сектор, исто така може да се соочат со тешкотии при регрутирање, тие поретко се рекламираат онлајн, па затоа во податоците се рангирани пониско. Од друга страна, ИТ професиите може да бидат претставени со поголема застапеност во онлајн огласите за работа.

Continue Reading

Економија

Хрватска ги менува правилата за странски работници – еве колку дозволи има за Македонците

Хрватска воведува нови услови за вработување на странски државјани со цел подобра контрола, намалување на нелојалната конкуренција и спречување на нелегалните практики. Измените на Законот за странци воведуваат построги здравствени критериуми и барање за познавање на хрватскиот јазик, информира ХРТ.

Граѓанин на трета земја, како Македонија, за прва дозвола за привремен престој ќе мора да приложи потврда за здравствена состојба и статус на вакцинација, кои не смеат да бидат постари од 90 дена. Исто така, познавањето на хрватскиот јазик се смета за основа за интеграција на странските работници, а државниот секретар Иван Видиш посочи дека и покрај кофинансираното учење јазици од Европскиот социјален фонд, интересот кај работниците е слаб.

Хрватска годинава издаде над 11.000 работни дозволи за граѓани од Македонија. Премиерот Андреј Пленковиќ истакна дека во последните две години се создадени 100.000 нови работни места, а бројот на невработени паднал на 81.000, што го покажува ефектот од активната политика за вработување.

Министерот за труд Марин Пилетиќ додаде дека во земјата моментално има околу 140.000 странски работници, а измените на законот ќе го намалат бројот на нови дозволи, додека ќе се зголеми значењето на оние кои веќе се наоѓаат во Хрватска.

Претседателот на GSV, Иван Мишетиќ, посочи дека во наредните пет години ќе бидат потребни над 100.000 работници од странство поради планираниот раст и пензионирањата, бидејќи домашниот пазар не може да го задоволи овој раст.

Continue Reading

Економија

Од вечерва нова цена на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,60% во однос на одлуката од 18.12.2025 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,631%, кај дизелот за 4,633%, кај екстра лесното масло за 3,987% и кај мазутот зголемувањето е за 0,223%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1645%.

Од 20.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 71,00 (денари/литар);
– Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 73,00 (денари/литар);
– Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 64,50 (денари/литар);
– Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,50 (денари/литар);
– Мазут М-1 НС 32,635 (денари/килограм).

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг