Connect with us

Свет

Хамас подготвен за целосен прекин на војната, но под еден услов

ХАМАС подготвен за целосен прекин на непријателствата и ослободување на сите заложници во замена за петгодишно примирје

Исламистичката група ХАМАС е подготвена да прифати договор со кој би се ставил крај на војната во Појасот Газа. Според изјава на еден висок претставник на движењето, дадена за агенцијата AFP, договорот би вклучувал еднократно ослободување на сите преостанати заложници, како и петгодишен прекин на непријателствата.

„ХАМАС е подготвен за размена на заробеници во една фаза и за петгодишно примирје“, изјави анонимниот функционер, додека делегација на ХАМАС се подготвуваше за нова рунда разговори со посредниците во Каиро.

Оваа понуда доаѓа откако ХАМАС претходно овој месец го одби израелскиот предлог за „делумен“ прекин на огнот кој предвидуваше 45-дневно примирје и ослободување на 10 живи заложници. Групата тогаш изјави дека прифаќа само договор што ќе доведе до трајно запирање на конфликтот, целосно повлекување на израелските сили од Газа и значително зголемување на хуманитарната помош во енклавата.

Нови идеи на маса, но без разговори за разоружување

ХАМАС вчера сигнализираше отвореност за дискусија околу нови идеи, но повторно ја исклучи можноста за своето разоружување како дел од евентуален договор. Во меѓувреме, обновените израелски воздушни и копнени напади од 18 март наваму – по пропаѓањето на претходното двомесечно примирје – сè уште не резултираа со значаен дипломатски резултат.

Претходниот договор, постигнат со посредство на Катар, САД и Египет, вклучуваше зголемена хуманитарна помош и размена на затвореници и заложници. Но, несогласувања околу условите за следната фаза доведоа до неговото пропаѓање.

Геополитичка динамика и вклученост на клучни актери

ХАМАС останува на ставот дека секоја форма на договор мора да води кон траен мир, во согласност со рамката предложена уште во јануари од поранешниот американски претседател Џо Бајден. И покрај притисокот од администрацијата на Доналд Трамп врз Израел да го прифати овој патоказ, владата во Тел Авив остана решена да не прифати договор што подразбира завршување на војната додека ХАМАС сè уште има вооружена структура во Газа.

Во исто време, во Каиро пристигна делегација на ХАМАС за нова рунда преговори. Овој дипломатски потег следи по неодамнешната посета на шефот на Мосад, Давид Барнеа, на Катар – што, според изворите на The Times of Israel, може да значи негово враќање во процесот на преговори по двомесечна пауза и смена од функцијата.

Порталот Walla јави дека Барнеа во Катар се сретнал со премиерот Мохамед бин Абдурахман ал-Тани, со цел да продолжат разговорите за постигнување договор за ослободување на заложниците. Иако Катар долго време важеше за главен посредник меѓу Израел и ХАМАС, последните недели Египет ја презеде водечката улога во дипломатските обиди за ставање крај на конфликтот.

Advertisement

Свет

Русија го одби украинскиот предлог за божиќно примирје

Кремљ денеска го отфрли предлогот на Украина за примирје за време на Божиќ, соопштувајќи дека нема намера да ги запре нападите за време на празниците.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакна дека Москва не сака прекин на огнот што би ѝ овозможил на Украина да се прегрупира и подготви за продолжување на војната. Тој додаде дека Русија се залага за мир, но не за краткорочни и неодржливи решенија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно предложи привремено прекинување на нападите, особено врз енергетската инфраструктура, за време на празничниот период. Кремљ посочи дека евентуалното примирје би зависело од поширок договор за прекин на војната.

Песков истакна дека Москва сè уште не видела конкретни предлози за безбедносни гаранции за Украина, кои, според американски и европски претставници, се предмет на разговори меѓу Вашингтон и Киев. Украина го смета предлогот за примирје како хуманитарна мерка, но Русија засега останува непопустлива.

Continue Reading

Свет

Европска земја го блокира предлогот за користење на руските средства за Украина

Белгија се спротивстави на предлогот на Европската комисија за деблокирање на заем од 210 милијарди евра за Украина, финансиран од замрзнатите руски средства, со што го попречи обидот на ЕУ да постигне договор пред самитот на лидерите.

Два дена пред самитот, Комисијата се обиде да ги убеди земјите-членки да поддржат заемот, кој би ги користел резервите на Русија чување во банката „Еуроклеар“ во Брисел за поддршка на економијата на Киев, погодена од војната. 27-те земји-членки ќе продолжат со разговорите подоцна во вторник.

Комисијата предложи законски измени за да обезбеди поддршка од Белгија, вклучувајќи правни гаранции дека земјата нема да сноси одговорност во случај на правни барања или одмазда од Русија. Дополнително, Украина не би добивала средства додека другите земји-членки не обезбедат финансиски гаранции за најмалку половина од износот.

Сепак, белгиската влада на премиерот Барт де Вевер оцени дека гаранциите не се доволни и изјави дека нема да се постигне договор пред Европскиот совет. Стравот е дека Белгија би можела да биде одговорна за враќање на целата сума доколку Русија побара поврат на средствата.

Четири други земји – Италија, Малта, Бугарија и Чешка – го поддржаа барањето на Белгија да се разгледаат алтернативни начини за финансирање на Украина, како заеднички долг. Франција, пак, останува неутрална во однос на тоа дали да се користат руските средства или да се прибегне кон еврообврзници.

Германија инсистира дека нема реална алтернатива за користење на руските средства, предупредувајќи дека неуспехот сериозно ќе ја наруши способноста на ЕУ да дејствува. Сепак, не сите земји се убедени, а критичарите посочуваат дека Германија се противи на заедничкиот долг по идеолошки причини, а некои земји-членки се загрижени за штедачите.

Continue Reading

Свет

Зеленски најави брз финиш на мировните предлози и можна средба во САД

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека предлозите што се усогласуваат со американските претставници за завршување на војната би можеле да бидат финализирани во наредните неколку дена, по што ќе бидат доставени до Кремљ. По тој чекор, како што најави, можна е и средба во Соединетите Американски Држави следниот викенд.

Говорејќи за нацрт-мировниот план за кој вчера се разговараше во Берлин, Зеленски оцени дека тој „не е совршен“, но дека е „многу изводлив“. Сепак, тој нагласи дека остануваат отворени неколку клучни прашања, пред сè поврзани со иднината на украинската територија под руска окупација.

Украинскиот претседател повтори дека Киев нема да ја признае руската власт над кој било дел од Донбас. Тој додаде дека Украина и Соединетите Американски Држави подготвуваат уште пет документи покрај основната мировна рамка, од кои дел се однесуваат на безбедносните гаранции.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг