Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

МИЦКОСКИ ВО „КАДЕ СЕ ПАРИТЕ?“: РЕАЛИЗИРАВМЕ ПОГОЛЕМО НИВО НА КАПИТАЛИ ИНВЕСТИЦИИИ

by Уредник
26.04.2025
in Uncategorized

И покрај тоа што годинава, во однос на претходната временските услови биле полоши, остварено е поголемо ниво на капитални инвестиции, тврди премиерот Христијан Мицкоски во поткастот „Каде се парите?“ со Горан Теменугов. Тоа е неговиот одговор на забелешката дека состојбата забележана на 14 април – реализација од 10,37 проценти, не соодветствува со сето она што секојдневно се промовира дека се гради низ државата.

„Реализацијата на капиталните инвестиции мора да ја поделиме во два дела, затоа што во минатото како капитални инвестиции понекогаш се книжеа социјалните трансфери, понекогаш дотациите до јавните претпријатија, пензионерските друштва, по доспеани побарувања… Дали се тоа кредити или доспеани побарувања кон добавувачи, тоа сѐ се книжеше, што велат во Министерството, над црта. Односно во делот на капиталните инвестиции. И покрај тоа што оваа година споредено со минатата година временските услови беа попредизвикувачки, снег… ние имаме поголемо ниво на капитални инвестиции реализирано. Со тоа што капиталните инвестиции кои се финансирани од страна на јавни претпријатија и други институции, а кои се финансирани со заем, се книжат под цртата“.

Во тој контекст, Мицкоски ги појаснува термините за книжење под црта и над црта.

„Тоа се дотации по доспеани побарувања. Да речеме, Јавното претпријатие за државни патишта реализира капитална инветиција автопат. Таа капитална инвестиција се реализира со некаков кредит. Не е во можност јавното претпријатие да го иплати тој кредит. Бидејќи државата дала државна гаранција, кредитот за реализација на тој пат го исплаќа Министерството за финансии. Порано тоа се книжеше како реализирана капитална инвестиција над црта, односно во делот на капиталните инвестиции. Патот е направен, поддржан е со кредит, не успеало ЈПДП да го сервисира, Министерството тоа го сервисирало. И наместо да се книжи, како порано што правела претходната Влада, за овој пат се книжи под цртата. Тие две бројки ќе се соберат, едната е мислам со 15-16 април, некаде околу 90-на милиони евра, а другата е 85. Тогаш доаѓаме до 175 милиони или за 20 милиони евра повеќе за истиот период мината година, кога навистина, пред избори беше, се брзаа многу работи, и тогаш се исплати и оној голем аванс за Бехтел и Енка“, образложи Мицкоски.

https://youtube.com/watch?v=B4oJiJ1SI-8%3Fstart%3D4649%26feature%3Doembed

Извор: Pari.mk

Next Post

Застреланиот на Бит Пазар е син на поранешен командант на ОНА

Меџити тврди дека прв имал понуда да го растури ВЛЕН: Ахмети ќе се пензионира

Препорачани Вести

Револуционерен третман го поништува досега неизлечивиот рак на крвта кај деца и возрасни

1 month ago
Украинските пратеници открија уште колку оружје им останало, го повикаа Зеленски да им се извини на САД

Украинските пратеници открија уште колку оружје им останало, го повикаа Зеленски да им се извини на САД

11 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.