Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Бројот на загинати во експлозијата во Иран се искачи на 25, над 800 лица повредени

by Уредник
27.04.2025
in Uncategorized
Бројот на загинати во експлозијата во Иран се искачи на 25, над 800 лица повредени

Трагедија во иранското пристаниште Раџаи: Најмалку 25 загинати и над 800 повредени во силна експлозија

Бројот на загинати во разорната експлозија што се случи во пристаништето Раџаи, во јужниот ирански град Бандар Абас, се искачи на најмалку 25 лица, додека повредени се повеќе од 800, според најновите информации на локалните власти. Шест лица сè уште се водат како исчезнати.

Веста ја потврди шефот на Одделението за управување со вонредни ситуации во провинцијата Хормозган, Мехрдад Хасанзаде. Претходно, властите информираа за 14 загинати и 752 повредени, но бројките продолжија да растат со текот на времето.

Точната причина за експлозијата сè уште не е официјално потврдена. Државната новинска агенција ИРНА јави дека според првичните сознанија, лошото складирање на хемикалии во контејнери во пристаништето можеби ја предизвикало катастрофата. Ова го изјави и портпаролот на иранската Организација за управување со кризи, Хосеин Зафари.

И покрај овие сомнежи, портпаролот на иранската влада нагласи дека сè уште не може со сигурност да се утврди што точно ја предизвикало експлозијата.

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, нареди итна истрага за инцидентот и го испрати министерот за внатрешни работи на самото место.

Силната експлозија, според локалните медиуми, ги искршила прозорците во радиус од неколку километри и била слушната дури и на островот Кешм, кој се наоѓа 26 километри јужно од пристаништето Раджаи.

Next Post
Растат тензиите помеѓу Индија и Пакистан: Трет ден разменуваат оган долж границата – “Индија им даде 48 часа на пакистанците”

Растат тензиите помеѓу Индија и Пакистан: Трет ден разменуваат оган долж границата - "Индија им даде 48 часа на пакистанците"

Се огласи Рудигер после вчерашниот инцидент, има порака и за судијата

Се огласи Рудигер после вчерашниот инцидент, има порака и за судијата

Препорачани Вести

Корупциски скандал ја тресе Украина – уапсени пратеник и високи функционери по набавка на дронови

6 months ago
Голот на Миовски е втор најубав гол во квалификациите (ВИДЕО)

Голот на Миовски е втор најубав гол во квалификациите (ВИДЕО)

10 months ago

Популарни Вести

  • kucinja

    Скопје ќе ги добие првите гробишта за миленици: Институциите најавуваат решавање на децениски проблем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Армијата и полицијата на Венецуела се заколнаа на апсолутна лојалност на Делси Родригез

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Плата за невидливи работници – поранешен градоначалник под истрага за милионска измама

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битола воведува електронско гласање во Советот – прв пример во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шар Планина под висок ризик од лавини: Стручни екипи апелираат на претпазливост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.