Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Неколку знаци со кои телото ви кажува дека внесувате премногу шеќер: Последниот може да доведе до срцев удар!

by
2025/04/27 11:17:47
in Uncategorized
Неколку знаци со кои телото ви кажува дека внесувате премногу шеќер: Последниот може да доведе до срцев удар!

Скриениот шеќер во секојдневната исхрана: како да го препознаеш вишокот и што му прави на телото?

Додадениот шеќер се наоѓа во многу секојдневни производи, често дури и без да бидеме свесни за тоа. Денес голем број луѓе внесуваат повеќе шеќер отколку што е препорачано, а тоа може да остави сериозни последици по здравјето на долг рок.

За разлика од природните шеќери што се наоѓаат во овошјето и зеленчукот – кои доаѓаат со корисни хранливи материи – додадениот шеќер е присутен во газирани пијалаци, засладени чаеви, десерти, сосови, џемови и преливи. Често е скриен таму каде што не го очекуваме, па така внесот може да биде поголем отколку што мислиме.

Нутриционистката Линдзи Фенкл за порталот Eating Well посочува неколку знаци на кои треба да се внимава ако се сомневаш дека консумираш премногу шеќер.

Непцето ти се презаситува

Ако често јадеш слатка храна, рецепторите за вкус на твоето непце стануваат помалку чувствителни. Фенкл објаснува дека телото се навикнува на високите нивоа на шеќер, па со тек на време ти треба повеќе за да го почувствуваш истиот интензитет на слаткост.

Шеќерот те „држи“ и наутро и навечер

Ако денот ти почнува со кроасан и засладено кафе, а завршува со парче торта или сладолед, многу лесно можеш да го надминеш препорачаниот дневен внес на шеќер. Само утринската комбинација може да содржи 40 грама шеќер, а со еден десерт навечер можеш да стигнеш до 55 грама за еден ден.

Уморен си дури и по добар сон

Внесот на шеќер не само што ја зголемува желбата за храна богата со јаглехидрати, туку и влијае врз квалитетот на спиење. Брзите скокови и падови на шеќерот во крвта по оброците можат да доведат до замор и глад, создавајќи маѓепсан круг на исцрпеност.

Постојано си жеден

Зголемената жед може да биде знак дека внесуваш премногу шеќер. Кога нивото на шеќер во крвта е високо, телото се обидува да го исфрли преку мокрење – процес што предизвикува дехидрација. Овој симптом може да биде и прв знак за дијабет тип 2.

Се зголемува нивото на холестерол

Иако ретко го поврзуваме шеќерот со холестерол, истражувањата покажуваат дека прекумерниот внес може да го зголеми нивото на „лош“ LDL холестерол и триглицериди. Телото го претвора вишокот шеќер во масни киселини, што може да влијае негативно врз здравјето на срцето.

Почесто имаш кариес

Бактериите во усната шуплина го претвораат шеќерот во киселини кои ја разградуваат забната глеѓ. Зголемен број кариеси може да биде директно поврзан со прекумерната консумација на слатка храна и пијалаци.

Забележуваш зголемување на тежината

Храната богата со шеќер обично е сиромашна со други хранливи материи, но калориски многу „тешка“. Лесно е да се претера со вакви намирници, бидејќи се вкусни и предизвикуваат зависност, што со тек на време може да придонесе до зголемување на телесната тежина.

Важно е да се нагласи дека ниту една храна сама по себе не предизвикува дебелеење – одлучувачки се севкупните навики во исхраната.

Next Post
16-годишниот мотоциклист кој загина утрово во Чаир управувал без возачка дозвола и заштитна кацига, и со поголема брзина

16-годишниот мотоциклист кој загина утрово во Чаир управувал без возачка дозвола и заштитна кацига, и со поголема брзина

Трамп го одби предлогот на Путин: Во Москва пристигнаа најлошите вести – огромно разочарување за Русија

Трамп го одби предлогот на Путин: Во Москва пристигнаа најлошите вести - огромно разочарување за Русија

Препорачани Вести

Трагедија на плажа во Италија: 17 годишен тинејџер копал дупка на плажа, па загинал откако песокот се урнал врз него

Трагедија на плажа во Италија: 17 годишен тинејџер копал дупка на плажа, па загинал откако песокот се урнал врз него

6 months ago
Жена од Скопје изгубила над еден милион денар поради само еден повик – внимавајте на оваа измама

Доаѓаат финансиски изненадувања за овој хороскопски знак до крајот на месецов

3 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.