Connect with us

Економија

Немаме гасовод, а кешираме по 300 илјади евра месечно за гас

Според договорот потпишан со грчкиот партнер, Македонија, поточно компанијата ЕСМ е обврзана за долгорочен закуп на преносниот капацитет, 15 години да плаќа по 300.000 евра месечно за закуп на капацитет за пренос на гас, сеедно дали се користи тој или не. 

– Поради „паметните“ одлуки, ЕСМ секој месец плаќа по 300.000 евра и ќе плаќа 15 години за закуп на капацитет за гас што не го користиме. Користел – не користел, плаќаш, тоа се 3,6 милиони евра годишно. Го дознавме тоа кога почнаа да ни честитаат дека сме станале дел проектот „Александропули“, уште на 1 октомври минатата година. А ЕСМ и државата во моментов немаат ништо од тоа.  Прашање е што мислеле претходните – беше истакнато во петокот, на брифингот со новинарите во Министерството за енергетика

Македонија неподготвена се вклучи во проектот „Александропули“, од каде што треба да се снабдуваме со течен природен гас (ЛНГ), и скапо нè чини тоа. Според договорот потпишан со грчкиот партнер, Македонија, поточно компанијата ЕСМ е обврзана, според договорот за долгорочен закуп на преносниот капацитет, 15 години да плаќа по 300.000 евра месечно за закуп на капацитет за пренос на гас, сеедно дали се користи тој или не.

– ПОРАДИ „ПАМЕТНИТЕ“ ОДЛУКИ, ЕСМ СЕКОЈ МЕСЕЦ ПЛАЌА ПО 300.000 ЕВРА И ЌЕ ПЛАЌА 15 ГОДИНИ ЗА ЗАКУП НА КАПАЦИТЕТ ЗА ГАС ШТО НЕ ГО КОРИСТИМЕ. КОРИСТЕЛ – НЕ КОРИСТЕЛ, ПЛАЌАШ, ТОА СЕ 3,6 МИЛИОНИ ЕВРА ГОДИШНО. ГО ДОЗНАВМЕ ТОА КОГА ПОЧНАА ДА НИ ЧЕСТИТААТ ДЕКА СМЕ СТАНАЛЕ ДЕЛ ПРОЕКТОТ „АЛЕКСАНДРОПУЛИ“, УШТЕ НА 1 ОКТОМВРИ МИНАТАТА ГОДИНА. А ЕСМ И ДРЖАВАТА ВО МОМЕНТОВ НЕМААТ НИШТО ОД ТОА. ПРАШАЊЕ Е ШТО МИСЛЕЛЕ ПРЕТХОДНИТЕ. НЕ ЗНАЕМЕ ЧИЈА ИДЕЈА БИЛА ОВА, НЕ БИЛА ОД ЕСМ, ТУКУ ОД МНОГУ ПОГОРЕ. ТОГАШ ВЕЛЕА, РАБОТЕТЕ, МОРА ДА СЕ СПРОВЕДЕ ТОА БЕЗ ИСПИТУВАЊЕ НА ПАЗАРОТ, ОНАКА, БЕЗ НИКАКОВ БИЗНИС-ПЛАН, ИАКО ИМ БИЛО УКАЖАНО ДЕКА НЕ СЕ ВЛЕГУВА НЕПОДГОТВЕН ВО ТАКОВ СЕРИОЗЕН ПРОЕКТ. СЕ ОДЕЛО ДА СЕ СПРОВЕДЕ ПО СЕКОЈА ЦЕНА – БЕШЕ ИСТАКНАТО ВО ПЕТОКОТ, НА БРИФИНГОТ СО НОВИНАРИТЕ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕНЕРГЕТИКА.

За договорот преговараше владата на СДСМ и тој, пред пуштањето во употреба на терминалот за течен природен гас (ЛНГ) во Александропули на 1 октомври 2024 година, беше оценет од СДСМ како „визионерски“.

– НА 1 ОКТОМВРИ 2024 ГОДИНА ЌЕ БИДЕ ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА ТЕРМИНАЛОТ ЗА ТЕЧЕН ПРИРОДЕН ГАС (ЛНГ) ВО АЛЕКСАНДРОПУЛИ, ПРОЕКТ ВО КОЈ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ПРЕДВОДЕНА ОД СДСМ ВИЗИОНЕРСКИ УЧЕСТВУВАШЕ ОД САМИОТ ПОЧЕТОК. СО ОВОЈ ПРОЕКТ, ДРЖАВАТА ЌЕ ОБЕЗБЕДУВА 500 МИЛИОНИ КУБНИ МЕТРИ ГАС ГОДИШНО, ШТО ЈА НАДМИНУВА ГОДИШНАТА ПОТРОШУВАЧКА ОД 400 МИЛИОНИ КУБНИ МЕТРИ. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ОБЕЗБЕДУВА ПОВЕЌЕ ОД ДОВОЛНО ЗА ДА ГИ ЗАДОВОЛИ ДОМАШНИТЕ ПОТРЕБИ И ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ПЛАСИРА ГАС И ВО СОСЕДНИТЕ ЗЕМЈИ КАКО СРБИЈА И КОСОВО. ОВОЈ ПРОЕКТ ЌЕ Ѝ ОБЕЗБЕДИ МОЖНОСТ НА ДРЖАВАТА ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРИХОДИ ПРЕКУ ИЗВОЗ НА ГАС ВО РЕГИОНОТ – БЕШЕ ТОГАШ ИСТАКНАТО ОД СДСМ.

Македонија допрва ќе треба да го гради гасниот интерконектор со Грција. Министерката за енергетика, Сања Божиновска, најави дека договорот за изградба на гасниот интерконектор ќе биде потпишан до 10 мај годинава, по што веднаш ќе почне неговата изградба, која би требало да заврши за околу 22 месеца, односно официјално да биде пуштен во текот на 2027 година.

Што се однесува до изградбата на мрежата, беше кажано дека се изградени 99 проценти од мрежата, но проблем останува експропријацијата на останатото земјиште. Во наредниот период треба да се изгради гасоводната мрежа Гостивар – Кичево и Штип – Свети Николе. За ова ќе треба да се обезбедат кредити од ЕБРД.

Исто така, беше потенцирано дека продуктоводот со Грција е прикрај и дека се прават подготовки за оперативна употреба. Тоа е цевката од нафтоводот Скопје – Солун, преку која рафинеријата ОКТА до пред околу 12 години се снабдуваше со сурова нафта од „Хеленик петролеум“. Од „Хеленик“ оценија дека работењето на нафтоводот е нерентабилно и вентилот беше затворен. Овој инфраструктурен проект е изграден во 2002 година, долг е 213 километри, а има носивост на транспорт од 2,5 милиони тони нафта на годишно ниво.

Сега, преку цевката, која ќе стане продуктовод, ќе се транспортира дизел-гориво.

– ПРЕТХОДНО ЦЕВКАТА ИМАШЕ РЕШЕНИЕ ЗА СТАВАЊЕ НАДВОР ОД УПОТРЕБА, БИДЕЈЌИ БЕШЕ НАФТОВОД ЗА ТРАНСПОРТ НА СУРОВА НАФТА, А СО ПРЕНАМЕНАТА ЗА ТРАНСПОРТ НА ДИЗЕЛ СЕ ПЛАНИРАА ДА СЕ ПРЕНЕСУВААТ 400 ИЛЈАДИ ТОНИ ГОДИШНО. СЕ ЧЕКА ТЕХНИЧКАТА ИНСПЕКЦИЈА ДА ДОНЕСЕ РЕШЕНИЕ ЗА СТАВАЊЕ ВО УПОТРЕБА. НЕДОСТИГА УШТЕ ТОЈ ДОКУМЕНТ – ТЕХНИЧКО РЕШЕНИЕ ЗА СТАВАЊЕ ВО УПОТРЕБА КОГА ИМА ПРЕНАМЕНА НА ОПРЕМА ПОД ПРИТИСОК – ИНФОРМИРАА ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕНЕРГЕТИКА.

„Вардакс“ е компанија што е сопственик на нафтоводот и подружница на грчки „Хеленик петролеум“. Според нејзините планови, освен македонскиот пазар, дополнително ќе снабдува дел од Јужна Србија и евентуално Косово. Министерката Божиновски вели дека Македонија сака да стане регионален хаб.

– НАС ЌЕ ТРЕБА ДА НИ ПЛАЌААТ ЗА ТРАНСПОРТ И ЗА ТАА ЦЕЛ ЌЕ ИМА ЦАРИНСКА ЕКСПОЗИТУРА НА ВЛЕЗОТ ВО ГРЦИЈА И ВО СКОПЈЕ. ВЕЌЕ СЕ ДОГОВОРИЈА СО НАШАТА ЦАРИНСКА УПРАВА И БЕШЕ НАПРАВЕНА ЗАКОНСКА ИЗМЕНА ЗА ТАА ЦЕЛ – ИСТАКНА БОЖИНОВСКА.  

Извро: vecer.press

Advertisement

Економија

Најбарани професии во ЕУ – продажба, маркетинг и производство

Според податоците на Евростат за минатата година, најголема незадоволена побарувачка за работна сила во Европската унија имало во професиите поврзани со продажба, маркетинг и производство. Ова укажува на можни тешкотии за работодавачите при регрутирање на персонал во овие сектори.

Според експерименталната статистика, составена делумно преку податоци од онлајн огласи за работа, највисоки стапки на слободни работни места биле забележани кај работници во производство и помошни канцелариски работници, со стапка од 7,3% секое. Следуваат други работници во продажба со 6,1% и уметнички, културни и кулинарски соработници со 6%.

Дополнително, околу 5,8% од непополнетите позиции се однесувале на работници во транспорт и магацини, 5,7% на менаџери за малопродажба и големопродажба, 5,4% на агенти за бизнис и услуги, 5,2% на оператори на постројки и машини и 5% на инженерски професионалци, со исклучок на електротехничките профили.

Евростат истакнува дека иако здравствените работници и наставниците, како и други занимања во јавниот сектор, исто така може да се соочат со тешкотии при регрутирање, тие поретко се рекламираат онлајн, па затоа во податоците се рангирани пониско. Од друга страна, ИТ професиите може да бидат претставени со поголема застапеност во онлајн огласите за работа.

Continue Reading

Економија

Хрватска ги менува правилата за странски работници – еве колку дозволи има за Македонците

Хрватска воведува нови услови за вработување на странски државјани со цел подобра контрола, намалување на нелојалната конкуренција и спречување на нелегалните практики. Измените на Законот за странци воведуваат построги здравствени критериуми и барање за познавање на хрватскиот јазик, информира ХРТ.

Граѓанин на трета земја, како Македонија, за прва дозвола за привремен престој ќе мора да приложи потврда за здравствена состојба и статус на вакцинација, кои не смеат да бидат постари од 90 дена. Исто така, познавањето на хрватскиот јазик се смета за основа за интеграција на странските работници, а државниот секретар Иван Видиш посочи дека и покрај кофинансираното учење јазици од Европскиот социјален фонд, интересот кај работниците е слаб.

Хрватска годинава издаде над 11.000 работни дозволи за граѓани од Македонија. Премиерот Андреј Пленковиќ истакна дека во последните две години се создадени 100.000 нови работни места, а бројот на невработени паднал на 81.000, што го покажува ефектот од активната политика за вработување.

Министерот за труд Марин Пилетиќ додаде дека во земјата моментално има околу 140.000 странски работници, а измените на законот ќе го намалат бројот на нови дозволи, додека ќе се зголеми значењето на оние кои веќе се наоѓаат во Хрватска.

Претседателот на GSV, Иван Мишетиќ, посочи дека во наредните пет години ќе бидат потребни над 100.000 работници од странство поради планираниот раст и пензионирањата, бидејќи домашниот пазар не може да го задоволи овој раст.

Continue Reading

Економија

Од вечерва нова цена на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,60% во однос на одлуката од 18.12.2025 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,631%, кај дизелот за 4,633%, кај екстра лесното масло за 3,987% и кај мазутот зголемувањето е за 0,223%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1645%.

Од 20.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 71,00 (денари/литар);
– Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 73,00 (денари/литар);
– Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 64,50 (денари/литар);
– Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,50 (денари/литар);
– Мазут М-1 НС 32,635 (денари/килограм).

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг