Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Постои голем притисок за проширување на ЕУ со земјите од регионот, вели Јотова

by Уредник
27.04.2025
in Uncategorized

Во интервју за БГ ОН ЕР каде речиси половина од времето го посвети на односите меѓу Скопје и Софија, Јотова повтори дека е збунета од како што кажа, тенденцијата на европските челници да говорат за двостран спор меѓу Македонија и Бугарија. Според неа, постои силен притисок за забрзано примање на нови земји- членки во Унијата.

-Геополитичкиот притисок во моментот е многу силен да има забрзано примање на тие држави. Моето конкретно мислење е дека тоа може еден ден многу скапо да не чини, бидејќи ние говориме за долг процес на реформи, ако тој не постои во тие држави, значи тие ќе внесат уште проблеми во самата ЕУ, кој знаеме дека и сега ги има многу. – Илијана Јотова – Потпретседателка на Бугарија

Пораките на Јотова доаѓаат во исто време со посетата на претседателот на ЕС Антонио Кошта кој во наредните три дена ќе биде во официјална посета на Бугарија. Теми на разговор како што соопштија од неговиот кабинет, покрај европската одбрана и војната во Украина, ќе биде и европското проширување.

-Претседателот Кошта и Премиерот Жељазков ќе дискутираат за актуелните прашања ќе разговараат за сегашните и идните случувања во неколку области, вклучувајќи ја европската одбрана и поддршката на ЕУ за Украина, конкурентноста, миграцијата и проширувањето.- Европски Совет

Кошта кој во неколку наврати повтори дека проширувањето со западен Балкан е политички приоритет за Унијата, најави дека на средината на мај ќе дојде и во официјална посета на Македонија. Во истиот период се очекува земјава да ја посети и високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Унијата Каја Калас. 

Next Post

Села без одговор дали ќе остане во Европски фронт ако Тарави се приклучи

Семакедонски собир во Mелник: 110 години од убиството на Пиринскиот цар – Јане Сандански

Препорачани Вести

Макрон оди за Вашингтон: Путин не сака мир – туку капитулација на Украина!

5 months ago
Лишени од слобода лица во Неготино и Кавадарци, управувале возила под дејство на алкохол

Лишени од слобода лица во Неготино и Кавадарци, управувале возила под дејство на алкохол

6 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.