Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Двојно поголема наплата: Рекордни 247 милиони денари од концесии

by Уредник
28.04.2025
in Uncategorized

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објави дека наплатата на надоместоците за експлоатација на минерални суровини во првиот квартал од 2025 година достигна 247.491.155 денари. Ова претставува повеќе од двојно зголемување во однос на истиот период во 2024 година, кога беа наплатени 110.576.324 денари.

Овој значаен раст е резултат на посветените и засилени активности на Министерството за подобрување на наплатата и зајакнување на контролата врз обврските на концесионерите.

Засилена контрола и активни мерки кон концесионерите

Министерството спроведе сериозни активности за зајакнување на наплатата на надоместоците, вклучувајќи:

  • Испраќање писмени опомени до концесионерите со предупредување за можен раскин на концесијата доколку не ги подмират навреме обврските.
  • Засилување на редовните и вонредните инспекциски контроли на терен.
  • Едностран раскин на десетина договори со концесионери кои не ги почитувале законските обврски, со уште десетина постапки во тек.
  • Донесување нов Тарифник за утврдување на висината на надоместоците, кој е во сила од 1 јануари 2025 година.

Нов тарифник: Фер наплата за користење на националните богатства

Со новиот Тарифник, висината на надоместоците за издавање дозволи и концесии за експлоатација на минерални суровини е зголемена до 100%, со цел да се обезбеди правична вредност за користење на природните ресурси. Клучните измени вклучуваат:

  • Зголемување на надоместокот за користење простор за експлоатација за околу 30%.
  • Надоместок за експлоатација на мермер: 5% од приходот од продадената суровина, наместо од претходна фиктивна цена.
  • Зголемување на надоместокот за металични минерални суровини од 2% на 4%.
  • Просечно зголемување над 100% за неметалични минерални суровини.

Овие измени не се однесуваат на енергетските минерали, како јагленот, со цел да се избегне дополнителен притисок врз цените на електричната енергија.

Поголема наплата – Поголеми инвестиции во општините

Порастот на наплатата директно влијае врз зголемувањето на буџетите на општините каде што работат концесионерите, како и на буџетот на Република Македонија. Овие средствата се користат  за изградба и одржување на комунална инфраструктура на подрачјето на единиците на локалната самоуправа, проекти за одржлив развој и  енергетска транзиција и за спроведување на проекти за заштита на животната средина.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на воспоставување на највисоки стандарди за фер управување со природните ресурси и зајакнување на економските придобивки од нивната експлоатација.

Извор: tv21

Next Post
Целиот свет зборува за состанокот на Зеленски и Трамп во Ватикан поради еден детаљ: Што е тоа во позадина? [ФОТО]

Целиот свет зборува за состанокот на Зеленски и Трамп во Ватикан поради еден детаљ: Што е тоа во позадина? [ФОТО]

Супермаркетите ВЕРО денеска ја продолжија својата неделна велигденска акција, која ќе трае од 24 април до 2 мај

Препорачани Вести

Апсење на граничниот премин Долно Блаце

4 months ago

ФФМ и Ла Лига со заедничка визија за развој на фудбалот во Македонија

7 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.