Connect with us

Свет

Која е причината? Светот се вооружува до заби, но овие две држави ги рушат сите рекорди

Светската воена потрошувачка достигна рекордни 2,72 трилиони долари во 2024 година

Воената потрошувачка во светот во 2024 година достигна историски максимум од 2,72 трилиони американски долари, што претставува зголемување од 9,4 проценти во споредба со претходната година – најголемо годишно зголемување од крајот на Студената војна, се наведува во најновиот извештај на Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (SIPRI).

Порастот е поттикнат од заострените геополитички тензии, кои доведоа до зголемување на воените буџети на сите континенти, со особено изразен раст во Европа и на Блискиот Исток.

„Повеќе од 100 земји ширум светот ги зголемија своите воени трошоци во 2024 година“, соопшти SIPRI. Институтот предупредува дека растечката ориентација на владите кон воената безбедност доаѓа по цена на други општествени и економски приоритети, што во иднина може да има сериозни последици за граѓаните.

Европа и Русија водат во зголемувањето

Конфликтот во Украина и неизвесноста околу поддршката на САД за НАТО беа главните двигатели на растот на европската воена потрошувачка, која се зголемила за 17 проценти и надминала нивоа невидени од крајот на Студената војна.

Русија, во рамки на своите воени операции, ја зголеми својата потрошувачка за 38 проценти, достигнувајќи 149 милијарди долари – што е двојно повеќе отколку во 2015 година. Оваа бројка претставува 7,1 процент од рускиот БДП и речиси една петтина од целокупниот државен буџет.

Украина на границата на издржливоста

Иако Украина бележи зголемување од 2,9 проценти и достигнува 64,7 милијарди долари, нејзината воена потрошувачка сè уште е помала од половина од руската.

Сепак, Украина издвојува дури 34 проценти од својот БДП за одбраната – највисок воен товар на светско ниво. Според SIPRI, украинската влада во моментов ги насочува сите свои даночни приходи кон војската, што сериозно го ограничува нејзиниот фискален простор.

„Со вакви ограничени можности, Украина ќе се соочи со сериозни тешкотии доколку сака дополнително да ја зголеми својата воена потрошувачка“, предупредува SIPRI.

САД: Глобален лидер со 37% од светската воена потрошувачка

САД остануваат доминантна воена сила, со зголемување на потрошувачката од 5,7 проценти и вкупен износ од 997 милијарди долари – што претставува 66 проценти од воената потрошувачка на НАТО и 37 проценти од глобалната.

Овие бројки ја рефлектираат растечката поларизација на меѓународната безбедносна сцена и зголемената подготвеност на земјите да ги стават одбранбените приоритети над економскиот и социјалниот развој.

Advertisement

Свет

Лекарите во Англија стапија во петдневен штрајк

Лекарите во Англија денес започнаа петдневен штрајк поради несогласувања околу платите и условите за работа, јавува Ројтерс.

Станува збор за помладите болнички лекари, познати како „жители“, кои тврдат дека нивните плати во последните години значително се намалиле и дека работат под зголемен притисок и во тешки услови.

Владата, од своја страна, соопшти дека нема фискален простор за значителни покачувања на платите и дека штрајковите се неодговорни, нагласувајќи ја потребата за заштита на здравствениот систем и пациентите.

Continue Reading

Свет

Вашингтон најавува нов притисок врз Москва преку енергетски санкции

САД подготвуваат нов пакет санкции насочени кон рускиот енергетски сектор, со цел дополнително да го зголемат притисокот врз Москва доколку рускиот претседател Владимир Путин одбие да прифати можен мировен договор со Украина, објавуваат странски медиуми повикувајќи се на информирани извори.

Според истите извори, меѓу мерките што се разгледуваат е и таргетирање на бродовите од руската флота на нафтени танкери, како и санкционирање на трговците и посредниците кои учествуваат во олеснување на трансакциите поврзани со извозот на руска нафта.

Изворите наведуваат дека станува збор за опции кои сè уште се во фаза на разгледување, а конечната одлука ќе зависи од развојот на дипломатските напори поврзани со војната во Украина.

Според најавите, новите санкции би можеле да бидат објавени уште во текот на оваа недела.

Continue Reading

Свет

Мелони: Европа губи време поради внатрешна слабост и бавни одлуки

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека Европската Унија се соочува со сериозни предизвици, предупредувајќи дека најголемата закана за Унијата не доаѓа однадвор, туку од нејзината сопствена неодлучност и неспособност навреме да носи клучни одлуки.

Говорејќи пред пратениците во Долниот дом на италијанскиот парламент, Мелони нагласи дека актуелниот геополитички момент бара прагматичен пристап, ослободен од идеолошки догматизам. Според неа, токму таквиот пристап е неопходен за соодветен одговор на новата безбедносна стратегија на Соединетите Американски Држави.

„Бесмислено и штетно е да се напаѓаат имагинарни непријатели. Вистинскиот проблем е нашата неспособност да изнаоѓаме конкретни и одржливи решенија“, истакна Мелони во пресрет на претстојниот Самит на ЕУ.

Премиерката се осврна и на прашањето за користење на замрзнатите руски средства за поддршка на Украина, оценувајќи дека станува збор за сложен процес кој мора да биде заснован на цврста и правно издржлива основа. Таа ја повтори поддршката на Италија за Украина и ставот дека Русија треба да ги сноси трошоците за војната, но додаде дека Москва поставува, како што рече, „неразумни“ услови во рамките на мировните напори поддржани од САД.

Мелони упати критики и до предлог-буџетот на Европската комисија за периодот 2028–2034 година, оценувајќи дека во сегашната форма е неприфатлив за Италија. Таа посочи дека документот предвидува зголемени финансиски придонеси, но намалени средства за политики кои се од клучно значење за земјата, како заедничката земјоделска и кохезиската политика.

„Нема да прифатиме да плаќаме повеќе, а да добиваме помалку“, порача италијанската премиерка.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг