Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Објавен нов меѓународен тендер за изградба на 400-киловoлтната конекција со Албанија

by Уредник
28.04.2025
in Uncategorized

АД МЕПСО денеска објави меѓународен тендер за изградба на 400-киловoлтната конекција со Албанија, проект за комплетирање на регионалниот енергетски коридор Исток-Запад од клучно значење за регионалната интеграција и за енергетската стабилност на државата. Новиот тендер е објавен откако претходниот изведувач преку неоправдани барања за дополнителни средства и еднострано напуштање на теренот го загрози проектот и јавниот интерес поради што беше раскинат договорот со него.

Со тендерот се предвидува изградба на 100-тина километри надземен далновод од Трансформаторската станица Битола 2 до македонско-албанската граница во вредност од околу 17 милиони евра, финасирани преку заем и грантови од ЕБОР и европските фондови. Рокот на доставување на понуди е 45 дена, а се очекува во третиот квартал од годинава да биде избран најповолниот понудувач. Реализацијата на проектот треба да почне на почетокот на следната година, а целосно да биде завршен до крајот на 2027 година.

-Изградбата на овој интерконектор ќе го позиционира нашиот систем како суштински дел од европската електроенергетска инфраструктура, овозможувајќи стабилно учество на регионалните пазари, пристап до системски балансни услуги и обезбедување на посигурно, поекономично снабдување за сите граѓани, рече генералниот директор на АД МЕПСО Бурим Љатифи на денешната прес-конференција во Владата и додаде дека со тоа се потврдува амбицијата земјава да стане стратешки енергетски јазол на Балканот.

Изградбата на новиот интерконектор, додаде, ќе значи значајно зголемена отпорност на преносната мрежа со минимизиран ризик од прекини и ценовни шокови, отворен простор за приклучување на нови капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори, стратешка интеграција на регионалните и европските пазари што долгорочно ќе придонесе за стабилни, достапни и конкурентни цени на електричната енергија.

-Веќе се исплатени околу 5,8 милиони евра кон претходниот изведувач Енергоинвест од кои околу два милиони евра се вратени преку банкарските гаранции. Не би рекол дека има финансиски реперкусии, бидејќи исплатените средства се отидени за набавка на опрема која е наша сопственост и е околу 50 проценти од опремата која ни треба за целосна реализација на проектот. За да потврдиме дека опремата и квантитативно и квалитативно е на ниво, ангажиравме стручни лица од Машински и Електро факултет кои тоа го потврдија, рече Љатифи во одговор на новинарско прашање.

Ангажирани беа, како што кажа, и дополнителни стручни лица, консултанти и адвокати за да се дојде до одлуката за прекинување на соработката и распишување на нов тендер.

-За да дојдеме до одлуката ги консултиравме сите сериозни чинители и на крај одлучивме да го раскинеме договорот зашто имаше неосновани финансиски побарувања за дополнителни средства и еднострано напуштање на теренот и условување со зголемени финансиски средства. Сето тоа е во спротивност со договорот и затоа тоа е основниот и најголемиот аргумент за негово раскинување. Освен тоа од 2020 година до сега затекнавме реализација на само 24 од вкупно 269 столбови, што јасно укажува дали имало сериозност во изведувањето и завршувањето на проектот или не, потенцира Љатифи.

Прецизира дека се очекува тендерот да заврши во третиот квартал од годинава кога треба да биде избран изведувачот, изведбата на проектот да започне на почетокот од 2026, а целосно да биде завршен до крајот на 2027 година.

Прецизира дека се очекува тендерот да заврши во третиот квартал од годинава кога треба да биде избран изведувачот, изведбата на проектот да започне на почетокот од 2026, а целосно да биде завршен до крајот на 2027 година.

Next Post
НАТО ќе го чува хрватското небо до крајот на годинава, хрватските „Рафали“ набрзо ќе ја превземат главната улога

НАТО ќе го чува хрватското небо до крајот на годинава, хрватските „Рафали“ набрзо ќе ја превземат главната улога

Ватикан ја затвори Сикстинската капела, започнува подготовката за избор на нов папа: Еве што ќе се случува во следниов период

Ватикан ја затвори Сикстинската капела, започнува подготовката за избор на нов папа: Еве што ќе се случува во следниов период

Препорачани Вести

10 половни автомобили кои имаат повисока цена отколку кога биле нови

11 months ago
Трамп даде изјава за Путин која светот не ја очекуваше, откри и колку момчиња гинат секоја недела во војната

Трамп со нова изјава: Нема царини за руската нафта, сакам Путин да склучи договор!

10 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.