Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Поранешни полициски началници чувале пресуди во фиока, добија кривични пријави

by
2025/04/28 16:01:59
in Uncategorized
Претреси на повеќе локации низ државата, откриено што се случува

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против В.В.- пензиониран работник, а во време на извршување на кривичното дело на работно место „помошник директор“ во Одделот за заеднички работи и управување со човечки ресурси во Бирото за јавна безбедност при МВР и В.Н.- пензиониран работник, а во време на извршување на кривичното дело на работно место „началник“ на Секторот за правни работи и заштита на лични податоци во Одделот за заеднички работи и управување со човечки ресурси во БЈБ при МВР, за кривично дело ,,злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

„Првопријавената како службено лице во текот на 2021 и 2022 година не ја извршила својата службена должност на начин што не спровела правосилни пресуди на надлежен суд, со кои било одлучено за прекинување на договорите за вработување на две вработени лица и дозволила истите да продолжат да работат во Министерството за внатрешни работи. Пријавената не постапила согласно своите надлежности на начин што не ја распоредила примената пошта, во случајот предметните пресуди, до надлежниот Сектор за управување со човечки ресурси и обуки во рамки на Одделот за заеднички работи и управување со човечки ресурси и не дала насоки да се постапи по пресудите, односно да се откажат договорите за работа на работниците, и покрај фактот што на критичните денови кога пресудите пристигнале во Одделот со кој раководела, истата била на работа и не дала овластување на друг работник да ја распоредува поштата. Пресудите биле заведени во Секторот за правни работи и заштита на лични податоци, кој немал надлежност да постапува по нив“, пишува во полициското соопштение. 

„Второпријавената во својство на овластено службено лице кога предметните пресуди пристигнале во Секторот со која таа раководела, не ги прочитала со внимание и ги предала да бидат заведени во Деловодникот на Секторот за правни работи и заштита на лични податоци, без притоа соодветно да реагира и да ги врати пресудите до првопријавената , со цел да бидат проследени до надлежниот Сектор за управување со човечки ресурси и обуки заради постапување. Со ваквото дејствие пријавените му нанеле значителна имотна штета на буџетот на Министерството за внатрешни работи на име на исплатени плати и придонеси од работен однос на работниците на кои согласно судските пресуди требало да им биде прекинат работниот однос во МВР во износ од 3.314.870 денари“, се додава во соопштението.

Next Post

Игор Стефановски Иџе на подиумот во Австрија

Ватикан објави досега невидена порака на папата Франциско до младите

Препорачани Вести

Никола Ѓурѓај со повик до Македонците од Албанија да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ

2 months ago
Снимен конвојот на рускиот претседател: Еве како пристигна Путин на состанокот со Трамп

Снимен конвојот на рускиот претседател: Еве како пристигна Путин на состанокот со Трамп

4 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.