Saturday, January 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

ВО БИТОЛА ОДБЕЛЕЖАНИ 24 ГОДИНИ ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА БРАНИТЕЛИТЕ КАЈ ВЕЈЦЕ

by Уредник
28.04.2025
in Uncategorized

Осуммина припадници на специјалната единица на МВР, од кои четворица битолчани, на денешен ден пред 24 години, загинаа во масакрот кај селото Вејце, во конфликтот во 2001 година.

Во нивна чест, пред споменикот на загинатите бранители во кругот на СВР Битола, споменикот „Ангел“ кај Саат кулата и споменикот на Бошко Најдовски во Долно Оризари, свежо цвеќе положија градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, претседателката на Советот Габриела Илиевска со претставници на Советот на општината, полицијата, семејствата на загинатите, политичките партии и граѓаните.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, истакна дека Битола секогаш ќе се сеќава на Марјан Божиновски, Илче Стојановски, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски, со должна почит за прерано загубените млади животи и болката која остана во нивните семејства.

„Денес им оддаваме почит на нашите битолчани, четворицата херои кои го дадоа животот бранејќи ја татковината во Вејце. Да укажеме уште еднаш дека опомена за нас, за сите генерации, за помладите, е тоа дека она што се случило, никогаш повеќе да не се повтори, затоа што само единството, разбирањето, меѓусебната почит, разговорот, можат да не доведат до просперитет на оваа држава и овој град.
Слава на хероите, слава на јунаците, слава на бранителите на нашата таковина!“, рече градоначалникот Тони Коњановски.

Next Post
Ватикан откри кога започнува со избирање на нов папа

Ватикан откри кога започнува со избирање на нов папа

Татко сакал да ја продаде ќерка си во Германија за девет илјади евра

Препорачани Вести

Во Белград е уапсен маж кој со нож му нанел смртоносни повреди на куче

ДРАМА ВО ЧАИР: Маж од возило фатил малолетник и го влечел по коловозот!

9 months ago
Приведен крадец од струмичко, одземеното вратено на сопственикот, следува пријава

Приведен крадец од струмичко, одземеното вратено на сопственикот, следува пријава

5 months ago

Популарни Вести

  • Филмски грабеж: Маскирани лица со оружје ограбиле обложувалница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп се закани со царини за европските земји поради Гренланд: „САД единствени можат да ја гарантираат безбедноста“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажни апартмани, вистинска штета: „Тијана“ и „Жаклина“ измамиле шест семејства за летување во Грција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Исчезнат индонезиски авион со 11 лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дефект на топловодната мрежа остави без парно делови од Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.