Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Во Тирана одржана промоција на македонско вино и вински туризам, одекнуваше и македонско оро

by Уредник
28.04.2025
in Uncategorized

Организаторите, македонската амбасада и македонскиот КИЦ,  не го кријат задоволството од масовната посетеност и позитивните оценки на присутните.

-Денес, со голема возбуда и радост го одржавме настанот посветен на промоцијата на македонското вино и винскиот туризам. Во преубава атмосфера, големиот број присутни имаа можност да уживаат во богатството на нашите врвни вина, да се запознаат со традиционалните вредности, но и со современите достигнувања во винската индустрија, рече за МИА, Љуфтим Спахиу, вршителот на должноста македонски амбасадор.

Настанот помина во одлично расположение, исполнет со дегустации, интересни презентации, едукативни предавања и средби со претставниците на винариите. 

Видно беше чувството на  задоволно од квалитетот на македонските вина, од богатата понуда на вински тури, како и од прекрасната културна програма која го заокружи ова незаборавно искуство.

-Овој настан ја покажа големата љубов, труд и традиција што ја носиме како винска дестинација и ја потврди важноста да се поддржува и промовира македонскиот вински туризам на домашен и меѓународен план, оцени Спахиу.

Дополнителна убавина на настанот му даде настапот на фолклорната група  од Пустец облечени во македонски народни носии, кои со својот настап внесоа дух на традиција и гордост, збогатувајќи ја целата атмосфера.

-Посебно задоволство и гордост е што нашата фолклорна група пред посетителите  претстави дел од  богатиот фолклор и преубавите носии. Македонската музика одекнуваше во центарот на Тирана, на влезот во познатиот објект  „Пирамида”, место каде што е големо присуството и на странски туристи. Очекуваме вакви настани да се одржуваат и во иднина  и во други градови во Албанија, рече за МИА, Васил Стерјовски, лидер на македонската партија, МАЕИ, кој заедно со градоначалникот на Пустец, Пали Колефски присуствуваа на овој настан.

Според Стерјовски Македонците имаат што со гордост да презентираат и да се пофалат, а тоа е фолклорот и богатите носии и од Голо Брдо и Гора, населени со Македонци.

На денешниот настан  беше поставен и штанд со промотивни материјали за изучување на македонскиот јазик на Лекторатот при Универзитетот во Тирана и промотивни материјали на македонските друштва и весници. /МИА

Next Post
Тело извлечено од водите на Вардар во гостиварско

Тело извлечено од водите на Вардар во гостиварско

[ВИДЕО] Судири помеѓу полицијата и демонстрантите во Нови САД: Ситуацијата надвор од контрола

[ВИДЕО] Судири помеѓу полицијата и демонстрантите во Нови САД: Ситуацијата надвор од контрола

Препорачани Вести

Хаос во Србија: Снегот ја блокира сообраќајната мрежа и предизвика исклучувања на струја

2 months ago
Американските компании со најдобри резултати во последните четири години — дури 85% го надминаа очекуваниот профит

Американските компании со најдобри резултати во последните четири години — дури 85% го надминаа очекуваниот профит

3 months ago

Популарни Вести

  • trajko slaveski

    Платите лани се покачија за 9,2% – Славески вели дека околу растот на платите треба одговорно планирање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Костадинка Палазова, гласот што го оживуваше македонското народно наследство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Илинден“-Тирана со целосна поддршка за тужбата против центрите за мигранти во Пустец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Прилеп: Темелно чистење на коритото на Градската река кај минорот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Влада со Бадентер не ги фаворизира Албанците, потребна е подлабока анализа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.