Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на топла воздушна маса од југ, од денес (вторник 29 април) па до четврток (1 мај) времето во нашата Република Македонија ќе биде сончево и топло преку ден со мала локална облачност. Повремено ќе дува засилен ветер од северен и од североисточен правец, најизразен во четврток (1 мај).
И во Скопскиот регион во погоре споменатиот период времето ќе биде стабилно, суво, топло и сончево. Повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 29 степени. Во Скопје и околината исто така температурата ќе се искачи до околу 28/29 степени.
Само да напоменам дека утрата ќе бидат посвежи и со температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 9 степени.








![[ФОТО] Ова ли е Европа? Ужас во дом за стари лица во Бугарија- ги малтретирале и дрогирале](https://bulevar.mk/wp-content/uploads/2025/06/screenshot-2025-06-08-125010.png)

