Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

По масовниот прекин, струјата постепено се враќа во Шпанија и Португалија

by Уредник
29.04.2025
in Uncategorized
Владите на двете земји одржаа итни состаноци поради прекинот на електричната енергија, чии размери се невидени во Европа

Струјата полека почна да се враќа во делови од Иберискиот Полуостров по масовниот прекин што ги парализираше Шпанија и Португалија.

Министерот за внатрешни работи на Шпанија прогласи вонредна состојба и распореди 30 000 полицајци низ целата земја за одржување на јавниот ред.

Владите на двете земји одржаа итни состаноци поради прекинот на електричната енергија, чии размери се невидени во Европа.

Причината сè уште е непозната, а Португалија сугерираше дека проблемот потекнува од Шпанија, која пак го вперува прстот кон прекинот на интерконекцијата со Франција.

Португалскиот премиер Луис Монтенегро изјави дека нема индикации дека кибернапад го предизвикал инцидентот, кој започнал во 10:30 часот наутро.

Сепак, се појавија гласини за саботажа, а шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Различни теории за причината за инцидентот

Санчез рече дека за само пет секунди, земјата изгубила 15 GW електрична енергија, или 60 проценти од националната потрошувачка. 

„Техничарите се обидуваат да утврдат што предизвикало толку ненадеен пад. Вакво нешто никогаш порано не се случило“,рече Санчез.

Жоао Консеисао, член на одборот на португалската компанија за електрична енергија РЕН, изјави дека не ја исклучува можноста за „огромно флуктуирање на електричниот напон, прво во шпанскиот систем, а потоа ширење во португалскиот систем“.

„Може да има илјада и една причина, прерано е да се каже која е“, рече тој.

Шпанската компанија за електрична енергија РЕЕ верува дека проблемот потекнува од интерконекцијата со Франција. 

„Европските системи не можат да се справат со губење на електрична енергија од ваков обем што предизвика прекин на врската помеѓу шпанската и француската мрежа и, следствено, колапс на шпанскиот електроенергетски систем“, изјави директорот на компанијата, Едуардо Прието.

Снабдувањето со електрична енергија постепено се враќа

Претходно, делови од Франција накратко беа без електрична енергија. РТЕ, францускиот оператор, соопшти дека испратил електрична енергија во северните делови од северна Шпанија по инцидентот.

Снабдувањето со електрична енергија беше вратено во Баскија и областа околу Барселона во раните попладневни часови, а во делови од Мадрид во вечерните часови, додека 61 процент од мрежата се врати во нормала, соопшти националниот оператор.

Next Post

Ужас во Нови Сад: Возач покоси четворица тинејџери кои чекале автобус!

ВРЕДИ: Главната идеологија на ДУИ е личниот интерес!

Барањето на ДУИ за предвремени избори има ист ефект со “гурабиите и кексите“ кои ги делеше Ахмети во кампањата!

Препорачани Вести

Овие делови од Скопје утре ќе останат без струја

Повеќе тетовски села утре без струја поради планирани прекини

11 months ago
Лавров шокираше: Еве зошто Трамп одбил самит со Путин во Будимпешта!

Лавров шокираше: Еве зошто Трамп одбил самит со Путин во Будимпешта!

3 months ago

Популарни Вести

  • Мерцедес-Бенц слави 140 години со премиера на новата С-Класа

    Мерцедес-Бенц слави 140 години со премиера на новата С-Класа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пензионерка измамена за 2.600 евра со лажен повик од „доктор’“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс – градоначалникот на Кичево и пет лица обвинети за штета од стотици илјади евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската партија во Албанија поднесе тужба против Владата за отворање мигрантски центри во Општина Пустец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија најавува економска помош за Сирија по крајот на режимот на Асад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.