Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Дарко Јаневски е нов директор на МИА

by Уредник
30.04.2025
in Uncategorized

Надзорниот одбор на АД МИА – Скопје во државна сопственост на денешната седница го избра Дарко Јаневски за генерален директор и претседател на Управниот одбор на МИА.

Јаневски дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ и тој има долгогодишно новинарско искуство во повеќе медиуми.

Од 1996 до 1999 година бил новинар во неделникот „Фокус“, а од 1999 до 2000 година бил заменик на главниот и одговорниот уредник на неделникот. Во 2000 година бил уредник-коментарот на дневниот весник „Нова Македонија“, а од 2000 до 2003 година бил заменик на главниот и одговорен уредник на дневниот весник „Вечер“.

Од 2002 до 2004 Јаневски работел како новинар во неделникот „Пулс“. Од периодот од 2005 до 2009 година повторно работи како новинар во неделникот „Фокус, а од 2009 до 2012 година е новинар во дневниот весник „Нова Македонија“. Од 2012 до 2013 година е заменик на главниот и одговорниот уредник на дневниот весник „Нова Македонија“.

Јаневски работи како главен и одговорен урендик на дневниот весник „Дневник“ во периодот од 2013 до 2017 година. Од 2017 до 1018 година е уредник и водител на политичката ТВ емисија „Без ракавици“ на ТВ Алфа. Од 2018 до 2025 година е уредник на порталот „Денешен.мк“.

Надзорниот одбор на денешната седница ја избра Пандорка Арсовска Гацова за член на Управниот одбор, задолжен за генерален сервис на вести. Арсовска Гацова е искусен долгогодишен новинар во МИА, која и претходно била член на Управниот одбор и уредник на Внатрешна редакција во периодот од 2006-2017 година.

Надзорниот одбор на денешната седница го констатира престанокот на мандатот на досегашниот генерален директор и претседател на УО на МИА, Драган Антоновски.

На седницата беше констатиран и престанокот на мандатот на членот на УО, задолжен за генерален сервис на вести, Ана Цветковска.

Next Post

Воружен напад во фризерски салон – напаѓачот бегал на скутер!

Подгответе се за сериозни промени: Еве какво време ја очекува Македонија во текот на месец мај

Подгответе се за сериозни промени: Еве какво време ја очекува Македонија во текот на месец мај

Препорачани Вести

Голема полициска акција во Скопје уапсени повеќе лица

9 months ago

Меџити: Нема потреба од предвремени парламентарни избори

3 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.