Saturday, January 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

РАСТ НА ИНДУСТРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО – енергетскиот сектор со најголем скок

by Уредник
30.04.2025
in Uncategorized

Индустриското производство во март годинава е зголемено за 5,2 проценти во однос на март минатата година. ШТо се однесува пак до првиот квартал годинава во однос на истиот квартал лани година растот достигнува два процента, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). 

– Во март годинава во однос на март лани статистиката регистрира пад на индустриското производство од 1,5 проценти во секторот Рударство и вадење на камен, а пораст од 4,8 проценти во Преработувачка индустрија и од 12,9 проценти во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст – се посочува во соопштението. 

ДЗС објаснува дека зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во одделите: Производство на тутунски производи,  Производство на хартија и производи од хартија, Печатење и продукција на снимени медиуми (записи),  Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на електрична опрема и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки. 

Кај Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место има раст од 15,1 процент, а кај Производство на моторни возила, приколки и полуприколки од 7,1 процент.

Според главните индустриски групи, производството во март 2025 година, во однос на март 2024 година, бележи пораст кај Енергија за 13,8 проценти, Интермедијарни производи, освен енергија за  24,3 проценти, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 8,4 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 8,6 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3 проценти.

Next Post

Дневен извештај за тргувањето на Македонската берза – 30.04.2025

После дожд, иде сонце: Реал Мадрид може да добие огромно засилување?

После дожд, иде сонце: Реал Мадрид може да добие огромно засилување?

Препорачани Вести

Божиновска на Berlin Global Dialogue: Зависноста од еден извор е ризик од минатото

3 months ago

Изет Меџити: По првпат по две децении, правичната и соодветна застапеност станува реалност. ВЛЕН го претвори во закон она што ДУИ никогаш не го направи!

7 months ago

Популарни Вести

  • Филмски грабеж: Маскирани лица со оружје ограбиле обложувалница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп се закани со царини за европските земји поради Гренланд: „САД единствени можат да ја гарантираат безбедноста“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажни апартмани, вистинска штета: „Тијана“ и „Жаклина“ измамиле шест семејства за летување во Грција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Исчезнат индонезиски авион со 11 лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дефект на топловодната мрежа остави без парно делови од Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.