Sunday, February 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Разузнавачките служби на Јужна Кореја открија колку војници на Северна Кореја загинале на фронтот во Украина

by Уредник
30.04.2025
in Uncategorized
Разузнавачките служби на Јужна Кореја открија колку војници на Северна Кореја загинале на фронтот во Украина

Околу 600 севернокорејски војници загинале во Украина – Пјонгјанг ќе им подигне споменик

Околу 600 севернокорејски војници загинале борејќи се на страната на руските сили во војната против Украина, соопшти денеска јужнокорејскиот пратеник и член на парламентарниот комитет за разузнавање, Ли Сеонг-Квен.

„Според досегашните проценки, загубите на севернокорејските трупи изнесуваат околу 4700 лица, од кои 600 се потврдени загинати“, изјави Ли по брифинг со јужнокорејските разузнавачки служби.

Околу 2000 ранети севернокорејски војници биле евакуирани назад во Северна Кореја по воздушен и железнички пат помеѓу јануари и март. Тие се сместени во изолирани објекти во Пјонгјанг и други региони. Според изворите, телата на загинатите се кремирани во Русија, а урните се вратени во татковината.

Поддршка во повторното освојување на Курск

Северна Кореја, според разузнавачките податоци, одиграла клучна улога во повторното заземање на Курската област, со распоредување на околу 18.000 војници во две фази. Од март, кога Москва ја врати контролата врз регионот, бројот на судири опаднал. Иако засега нема индикации за трета фаза на испраќање нови трупи, можноста не е целосно исклучена.

„Шест месеци по нивното вклучување во конфликтот, се проценува дека борбената ефикасност на севернокорејските војници е значително зголемена. Тие се адаптирале, стекнале искуство и покажуваат поголема вештина во користење на модерни системи, како што се беспилотните летала“, рече Ли.

Сепак, долготрајното присуство довело и до одредени проблеми. Се појавиле извештаи за недисциплинирано однесување, вклучувајќи случаи на алкохолизам и кражби.

Самоубиство пред заробување – херои за Пјонгјанг

Јужнокорејските власти веќе претходно соопштија дека на војниците од Северна Кореја им било наредено да извршат самоубиство доколку бидат заробени. Оваа недела, Северна Кореја за првпат официјално призна дека испратила воени сили во Русија за да помогнат во операциите во Курск.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун неодамна ги нарече овие војници „херои што се бореле за правдата“ и најави изградба на споменик во Пјонгјанг во нивна чест.

Рускиот претседател Владимир Путин му се заблагодари на Ким за поддршката и „жртвата на неговите луѓе“. Потсетуваме дека во јуни 2024 година, Русија и Северна Кореја потпишаа договор за стратешко партнерство, кој предвидува меѓусебна воена помош во случај на напад врз која било од двете земји.

Next Post
Неколку причини зошто треба да консумирате лубеница секој ден – третата причина ќе ве изненади!

Неколку причини зошто треба да консумирате лубеница секој ден - третата причина ќе ве изненади!

Важно соопштение од Паркинзи Тетово

Препорачани Вести

Во Обединетите Арапски Емирати ќе се прогласи Месец на Македонија

9 months ago

ЦУМ (Централен универСален магазин)

1 year ago

Популарни Вести

  • СЗО предлага повисоки даноци за слатките и алкохолните пијалаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија лидер во извозот на зелка и моркови за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Технички дефект на жичницата во Бурса: 51 лице евакуирано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на струјата го парализира јавниот транспорт во Киев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мир по секоја цена: Хороскопски знаци што бегаат од расправии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.