Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Зеленски со страшно предупредување за ова лето: Што планира Путин?

by
2025/04/30 10:04:12
in Uncategorized
Зеленски со страшно предупредување за ова лето: Што планира Путин?

Зеленски: Русија подготвува нешто во Белорусија, под маската на вежбите

Украинскиот претседател Володимир Зеленски испрати сериозно предупредување – Русија, според него, ова лето планира активности во Белорусија кои изгледаат како воени вежби, но во суштина може да бидат подготовка за нов напад. На самитот во Полска тој изјави:

„Ова лето, Русија подготвува нешто во Белорусија под маската на воени вежби. Вака обично почнуваат новите напади.“

Русија и Белорусија веќе најавија заеднички маневри во септември. Иако Белорусија формално не се вклучи во војната, таа одигра клучна улога на почетокот од инвазијата во 2022 година – дозволи руски трупи да ја минат нејзината територија, давајќи ѝ на Москва директен пристап до Киев. Сепак, тој потенцијал не беше целосно искористен од Кремљ тогаш.

Што сака Путин со прекинот на огнот?

Шефот на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак, во текст за „Гардијан“, анализира зошто Владимир Путин предложи краткотраен прекин на огнот по повод Денот на победата. Според него, ова е обид на Москва да ги убеди западните земји да ги ублажат санкциите – особено оние поврзани со руската авијација.

„На прв поглед, изгледа како Москва да нуди брзо и лесно решение – примирје. Но зад таа слика стои барање за сериозни отстапки, вклучително и укинување на санкции, пред да се разговара за вистински мир“, пишува Јермак.

Тој предупредува дека барањата се обвиткани во хуманитарна и економска обвивка, но суштината е јасна – Русија сака воена и политичка предност. Посебно се фокусира на тоа што Путин сака повторно отворање на воздушниот простор за руската авијација, нешто што моментално е целосно блокирано од страна на ЕУ и САД. Со тоа, според Јермак, Кремљ сака да го спаси своето ослабено воздухопловство.

Јермак: Западот мора да остане цврст

Иако имало сигнали од САД за можност да се разгледа делумно укинување на санкциите за авијација, тие предлози наидоа на силен отпор во Европа. Јермак е дециден – ова не смее да се дозволи.

„Русија очајно се обидува да го спаси својот воздухопловен сектор. Помошта на ова поле мора да биде условена со реални заложби за мир и стабилност, а не со ново пазарење,“ пишува тој.

Јасната порака е: санкциите функционираат, а отстапки без гаранции само би му дале нова енергија на воената машинерија на Кремљ.

„Откако Русија започна неиспровоцирана агресија, украинскиот воздушен простор го преплавија борбени авиони и ракети. Зошто Русите да уживаат слобода на воздушен сообраќај, додека Украинците не се безбедни дури ни во сопствениот дом?“ – прашува Јермак, погодувајќи точно во сржта на проблемот.

Next Post

Претседател на студентски парламент нападнат во дворот на универзитетот – осомничениот сам се пријавил во полиција

Посебен режим на сообраќај во Скопје, ова се деталите

Посебен режим на сообраќај во Скопје, ова се деталите

Препорачани Вести

Фетаи: Таравари е во скутот на Ахмети, се обиде сите да нè продаде за неколку општини! Бараше од Мицкоски да ја исфрли Вреди од владата и да ја внесе ДУИ!

Фетаи: Таравари е во скутот на Ахмети, се обиде сите да нè продаде за неколку општини! Бараше од Мицкоски да ја исфрли Вреди од владата и да ја внесе ДУИ!

6 months ago
Лишени од слобода возачи во Струга и струшко, управувале возила под дејство на алкохол

Лишени од слобода возачи во Струга и струшко, управувале возила под дејство на алкохол

5 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.