Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

ВО МАКЕДОНИЈА ИМА НАПРЕДОК, кажаа известувачите во Советот на Европа

by Уредник
01.05.2025
in Uncategorized

Македонија е демократска држава каде што генерално се почитуваат политичките слободи, вклучувајќи ги правата на слобода на здружување, собирање и изразување, како и медиумскиот плурализам, се наведува оценката на коизвестувачите на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) за пост-мониторинг дијалогот со земјава, Сибел Арслан и Џозеф О’Рајли.

Во оценката направена по посетата на земјава посветена на проценка на реформата во судството и изборната рамка, борбата против корупцијата, слободата на медиумите и правата на малцинствата, Арслан и О’Рајли го поздравуваат напредокот постигнат во исполнувањето на обврските што произлегуваат од членството на државата во Советот на Европа.

Задоволни сме од напредокот постигнат од Македонија од последната Резолуција на ПССЕ за пост-мониторинг дијалогот во 2019 година, наведоа двајцата коизвестувачи.

Тие сепак, посочуваат дека се уште постои „итна потреба“ од реформа на изборната рамка во согласност со препораките на Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) на ОБСЕ и Венецијанската комисија на Советот на Европа.

Македонија е мултиетничка, мултикултурна и мултиконфесионална земја и може да послужи како модел за другите земји во промовирањето на културата и менталитетот на „заедничко живеење“. Ги повикуваме властите да продолжат на овој пат и да преземат понатамошни мерки за почитување на идентитетот, правата и потребите на сите етнички групи, потенцираат Арслан и О’Рајли.

Тие натаму оценуваат дека иако во земјава е постигнат одреден напредок во реформата на правосудството, сепак постои загриженост поради „бројните обвинувања за политизација на судството и широко распространета корупција низ целиот јавен сектор“, како и поради „недостиг на ефикасни мерки за борба против овие феномени“.

Арслан и О’Рајли во оценката ги повикуваат властите на земјава да ги засилат своите напори за справување со овие појави, преку усвојување на потребните законски измени во соработка со Советот на Европа и други меѓународни партнери.

Коизвестувачите изразуваат и загриженоста поради „лошите услови“ во некои притворски установи и ги повикуваат македонските власти без одлагање да ги спроведат преостанатите препораки на Комитетот против тортура на Советот на Европа.

Во меѓувреме, целосно ја поддржуваме кандидатурата на земјата за членство во ЕУ и ги повикуваме сите политички партии да најдат компромис за спроведување на „францускиот предлог“ со вклучување на бугарското етничко малцинство во Уставот, заклучија Арслан и О’Рајли.

За време на минатонеделната посета на земјава, коизвестувачите имаа средби со претседателот на Собранието, Африм Гаши, со претставници на сите пратенички групи, како и со членови на повеќе собраниски комисии и на делегацијата на Македонија во ПССЕ. Арслан и О’Рајли, исто така, се сретнаа и со министрите за надворешни работи и внатрешни работи, Тимчо Муцунски и Панче Тошковски, со заменик-министерот за правда Ален Деребан, со судии на Врховниот и Уставниот суд, со претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, со народниот правобранител Насер Зибери, како и со јавни обвинители, членови на државните комисии за заштита на дискриминацијата и за спречување на корупција и на Државната изборна комисија избори, претставници на повеќе невладини организации и дипломати.

Next Post

Македонија се претстави на ЕКСПО 2025 во Јапонија и со ПРОЕКТОТ НА КЕНЗО ТАНГЕ ОД КОЈ СКОПЈЕ СЕ ОТКАЖА

Судот во Стразбур им укажа на српските власти дека треба да спречат употреба на звучно оружје

Препорачани Вести

Почина најдобриот судија на светот Франк Каприо – Познат по хуманоста и човечноста во судницата

5 months ago

Идентификуван напаѓачот што уби двајца припадници на Националната гарда во Вашингтон

2 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.