Saturday, January 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Бучковски: Новата власт во Македонија не е заинтересирана да станеме членка на ЕУ

by Уредник
02.05.2025
in Uncategorized
Бучковски: Новата власт во Македонија не е заинтересирана да станеме членка на ЕУ

Бучковски: Македонија беше лидер во евроинтеграциите, но ја изгубивме предноста по 2006 година

Во гостување за црногорската емисија „Граѓански агол“, поранешниот премиер Владо Бучковски изјави дека Македонија била лидер во евроинтеграциите на Западен Балкан во 2005 година, додека тој бил на чело на Владата. Сепак, според него, промената на власта во 2006 година била пресудна и земјата ја изгубила таа позиција.

„Македонија изгуби десет години во расправии и провокации кон Грција од 2006 до 2016. Наместо да влеземе во НАТО уште во 2008 година, станавме членка дури во 2020“, рече Бучковски, алудирајќи на застојот предизвикан од долгогодишниот спор за името.

Говорејќи за процесот на интеграција во Европската Унија, Бучковски се наврати и на 2019 година, кога, како што вели, Франција го блокираше напредокот на Македонија, и покрај жртвите што земјата ги направи.

„Некоректна беше одлуката на Емануел Макрон да не ја награди Македонија за големата жртва што ја направи. Во 2019, наместо да добиеме датум за почеток на преговорите, тој започна со некои реформи со цел ЕУ да се посвети на себе, а не на проширувањето. Тоа калкулирање на ЕУ го искористи Бугарија, тие тргнаа со свои барања и тоа доведе до нови блокади“, истакна Бучковски.

Во врска со сегашната власт, тој оценува дека ВМРО-ДПМНЕ, додека беше во опозиција, ги злоупотребувала клучните договори со соседите – Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија. Но, откако дојде на власт, не покажала јасна стратегија за напредок кон Европската Унија.

„Тие тврдеа дека кога ќе дојдат на власт ќе го вратат старото уставно име Република Македонија, потоа дека за шест месеци ќе успеат да направат компромис со Бугарија и дека ќе ги отворат преговорите со ЕУ. Помина една година од новата власт во Македонија и не гледа дека на новата влада приоритет ѝ е влезот во ЕУ“, порача Бучковски.

Next Post

Тетовка запрела семејство на улица и им се заканувала – настрадал и малолетниот син

[ВИДЕО] Интензивни градежни работи на делницата Врбјани – Охрид на автопатот Кичево – Охрид

[ВИДЕО] Интензивни градежни работи на делницата Врбјани – Охрид на автопатот Кичево – Охрид

Препорачани Вести

Кубилиус предупредува: Американска окупација на Гренланд би ја довела во прашање иднината на НАТО

3 weeks ago

Инциденти во Скопје: расправија завршила со физички напад

5 months ago

Популарни Вести

  • Запалени шишиња фрлени кон куќа во Скопје, спречена поголема трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Жителите на Киев објавуваат фотографии од замрзнати станови и импровизирани начини за греење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Американски воени авиони забележани во близина на иранскиот воздушен простор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САД со јасна порака до Иран пред заедничката воена вежба со Русија и Кина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Седум лица повредени во тешка сообраќајка, меѓу нив и 6 годишно дете

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.