Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Целосен пресврт: Кинезите тврдат – Трамп сега сака да преговара со Кина во врска со царините

by Уредник
02.05.2025
in Uncategorized
Целосен пресврт: Кинезите тврдат – Трамп сега сака да преговара со Кина во врска со царините

САД ѝ се обратија на Кина со иницијатива за разговори околу царините од 145 отсто, воведени од администрацијата на претседателот Доналд Трамп. Од Пекинг пристигна сигнал дека се отворени за дијалог, што дава надеж за можност за смирување на трговските тензии.

Според кинеското Министерство за трговија, американската страна мора да покаже искреност и да се откаже од едностраниот пристап во воведувањето царини. Во соопштението јасно се наведува дека дијалогот не треба да се користи како средство за притисок и уцена, бидејќи такви обиди нема да бидат успешни.

Кина досега јавно го изрази своето незадоволство поради овие високи царини, потенцирајќи дека тие нема да го сопрат економскиот раст на земјата, која е втора најголема економија во светот. Како дел од својата стратегија, освен преку медиумски канали, Пекинг изработи и листа на американски производи – вклучувајќи фармацевтски средства, микрочипови и млазни мотори – што ќе бидат изземени од одмаздничките царини од 125 проценти.

И од американска страна се гледа желба за деескалација. Министерот за финансии Скот Бесент и економскиот советник на Белата куќа Кевин Хасет изразија надеж за напредок во преговорите.

Државниот секретар Марко Рубио за Фокс Њуз изјави дека Кина е подготвена да разговара, и оти тие разговори ќе се одржат наскоро. Тој додаде дека САД размислуваат и колку ќе се потпираат на увоз од Кина во иднина. Пред само два дена, Трамп изјави дека „има многу добра шанса“ за постигнување договор со Пекинг.

Кинескиот претседател Си Џинпинг, пак, повика на прилагодување кон новите глобални услови, без притоа конкретно да ги спомне САД.

Next Post
Трамп со закана до светот: Жестоки последици за секој кој нема да го следи ова едноставно правило

Трамп со закана до светот: Жестоки последици за секој кој нема да го следи ова едноставно правило

Само еден збор може да ве спаси: Еве што треба прво да направите доколку ве нападне куче

Само еден збор може да ве спаси: Еве што треба прво да направите доколку ве нападне куче

Препорачани Вести

Македонија го задржа 65-тото место на ФИФА ранг-листата

2 months ago

Пијан возач со 2,2 промили предизвика сообраќајка во Тетово – заврши во полиција!

3 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.