Saturday, January 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Коњановски во увид на реконструкцијата на енергетски ефикасната фасада во ОУ „Стив Наумов“

by Уредник
02.05.2025
in Uncategorized

Во тек е реконструкција на фасадата на ОУ „Стив Наумов“ во Битола, со поставување на нови изолациони материјали, со што училиштето ќе добие нова, енергетски ефикасна фасада.

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски и дел од општинската администрација, извршија увид во градежните работи на терен и се запознаа со динамиката на изведувањето на активностите. Според склучениот договор со изведувачот, предвидено е реконструкцијата да биде завршена во текот на летниот распуст, а вредноста на овој зафат е 6.298.291 денари.

Со поставувањето на енергетски ефикасна фасада на ОУ „Стив Наумов“, се овозможуваат предуслови за поставувањето на топлински пумпи за греење, наместо сегашниот систем на екстра лесно масло за греење, како следен проект, кој треба да се реализира во текот на есенските месеци во училиштето. На овој начин, освен повисока енергетска ефикасност на училиштето, ќе се овозможи и поголема заштита на животната средина.

Со претходната реконструкција на покривот и поставувањето на фотонапонска електрична централа, ова училиште станува едно од најенергетски ефикасните училишта во градот, со што се потврдува заложбата на градоначалникот Коњановски и локалната самоуправа, за зголемување на енергетската ефикасност и заштитата на животната средина во општинските јавни објекти.

 

Next Post

Значителен раст во енергетскиот сектор во март 2025 година

На 1 мај се фатени 132 пијани возачи, а 114 без возачка дозвола

На 1 мај се фатени 132 пијани возачи, а 114 без возачка дозвола

Препорачани Вести

Дневен хороскоп за четврток – 12 јуни: Еден хороскопски знак го очекува вистинско изненадување денес

Дневен хороскоп за четврток – 12 јуни: Еден хороскопски знак го очекува вистинско изненадување денес

7 months ago
Обилните дождови продолжуваат во Македонија, на планините снежна идила

Обилните дождови продолжуваат во Македонија, на планините снежна идила

2 months ago

Популарни Вести

  • Балканските криминални мрежи поврзани со јужноамериканските рути за кокаин преку Венецуела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп формира Одбор за мир и обнова на Газа, Блер, Рубио и Младенов меѓу клучните членови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спектакуларно отворање на „Сурва“ 2026: Перник повторно стана европска престолнина на маскарадните традиции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Битола со 11,5 милиони денари за животна средина: Фокус на чист воздух, зеленило и одржлива мобилност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тони Коњановски на средба со месните и урбаните заедници: Инвестициите продолжуваат и во 2026 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.