Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Тајландски милијардер поради бизарна причина доби 24 години затвор

by Уредник
02.05.2025
in Uncategorized
Тајландски милијардер поради бизарна причина доби 24 години затвор

Тајландски милијардер осуден на 24 години затвор поради проширување на луксузен голф-центар во заштитено подрачје

Тајландски суд го осуди металуршкиот тајкун Прајуд Махагитсири на 24 години затвор за нелегално проширување на неговиот луксузен голф-центар и приватна резиденција во рамки на природен резерват, јавуваат локалните медиуми.

Обвиненијата против 79-годишниот милијардер беа покренати во 2021 година, откако антикорупциските органи утврдија дека Махагитсири потплатил државни службеници за да добие имотни листови и дозвола за проширување на неговиот комплекс „Маунтајн Крик“ во провинцијата Након Ратчасима, североисточно од Бангкок.

Ова луксузно одморалиште, кое вклучува голф-терен со 27 дупки, се протега на површина од 360 хектари. Според пресудата, најмалку 30 хектари од таа површина се наоѓале во заштитена зона, каде вакви интервенции се строго забранети.

Централниот кривичен суд за корупција и проневера го прогласи Махагитсири за виновен по повеќе основи – од поткуп до незаконско навлегување во државен имот. Освен него, уште 10 други лица беа осудени во истиот случај, меѓу кои и неговата ќерка, која доби казна од 12 години затвор.

Прајуд Махагитсири е познат како еден од водечките бизнисмени во индустријата за челик и кафе, а според Forbes, неговото богатство во 2024 година се проценува на 2,6 милијарди долари, што го рангира како десетти најбогат човек во Тајланд. Одбраната најави поднесување жалба на судската одлука.

Инаку, иако голфот е една од водечките туристички атракции во Тајланд, еколошките организации редовно го критикуваат поради неговото негативно влијание врз животната средина, особено поради интензивното користење на вода и уништување на природни живеалишта заради уредување терени.

Next Post
Путин му зададе силен дипломатски удар на Трамп: Лоши вести за американскиот претседател

Путин му зададе силен дипломатски удар на Трамп: Лоши вести за американскиот претседател

Добри вести за Украина, Зеленски има огромна причина за славење

Добри вести за Украина, Зеленски има огромна причина за славење

Препорачани Вести

Претепано дете во Центар, претходно два дена го мачеле и преку социјалните мрежи

8 months ago
Руски генерал: Ако Западот воведе забрана за летови над Украина, ќе го нападнеме НАТО

Руски генерал: Ако Западот воведе забрана за летови над Украина, ќе го нападнеме НАТО

4 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.