Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Важна лекција од војната во Украина: Американската армија започнува огромна воена реформа

by Уредник
02.05.2025
in Uncategorized
Важна лекција од војната во Украина: Американската армија започнува огромна воена реформа

Американската војска започна со голема реформа – секоја дивизија со 1.000 дронови

Американската армија официјално ја започна најголемата реформа на своите Копнени сили во последниве децении, со план да ја опреми секоја борбена дивизија со околу 1.000 дронови и да се ослободи од застарената воена опрема. Како што објави угледниот Wall Street Journal, оваа трансформација се темели на повеќе од една година тестирања и вежби на полигони во Баварија и во други бази низ САД.

Клучната инспирација доаѓа од војната во Украина, каде употребата на евтини и мали беспилотни летала целосно го промени начинот на водење борби. „Мораме да научиме како да ги користиме дроновите, како да се браниме од нив, како да ги произведуваме и да ги интегрираме во нашите операции. Дронови сме имале и досега, но во многу ограничен број“, изјави полковник Доналд Нил, командант на 2. коњанички полк на САД.

Доколку реформата биде спроведена како што е планирано, сите 10 активни борбени дивизии на американската војска ќе користат дронови за извидување, логистика и напади. Паралелно, армијата работи на унапредување на комуникациските капацитети меѓу единиците, преку мобилни технологии, интернет мрежи и таблети.

Според извештајот, се предвидува инвестиција од околу 3 милијарди долари во развој на напредни системи за неутрализирање на непријателски дронови, како и во подобрување на капацитетите за електронско војување. Во следните пет години, САД ќе потрошат вкупно 36 милијарди долари за целосна имплементација на реформата, заснована на искуствата од украинскиот конфликт.

Со цел да се обезбедат овие средства, американската армија планира да ги повлече застарените оружја од употреба, да го намали бројот на цивилен персонал и да спроведе други мерки за оптимизација. Инаку, полигонот Хоенфелс во Баварија, кој денес се користи за тестирање на новите концепти, беше клучна база за подготовка за потенцијална советска инвазија за време на Студената војна.

Next Post
Страшен земјотрес од 7,3 степени во близина на Аргентина, издадено предупредување за цунами

Страшен земјотрес од 7,3 степени во близина на Аргентина, издадено предупредување за цунами

Дневен хороскоп за сабота – 3 мај: Што ви подготвиле ѕвездите денес? Еден знак го очекува голем предизвик

Дневен хороскоп за сабота - 3 мај: Што ви подготвиле ѕвездите денес? Еден знак го очекува голем предизвик

Препорачани Вести

Тешка несреќа на патот Битола–Прилеп: Млад возач тешко повреден

1 day ago

Блок зделките и аукцијата на ТЕ-ТО го зголемија вкупниот промет на над 630 милиони денари

4 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.