Connect with us

Црна Хроника

Велосипедист прегазен пред пешачки премин во центарот на Скопје (ФОТО)

Велосипедист бил прегазен пред малку во центарот на Скопје.

Според фотографиите што пристигнаа во редакцијата на „360 степени“, несреќата се случила пред седиштето на Европската Унија во Скопје.

Засега не се знае состојбата на прегазениот велосипедист, а во него удрило возило „џип“.

Повеќе информации се очекуваат од МВР во текот на денот.

Извор и фото: 360 степени

Advertisement

Црна Хроника

Голем дефект на 110kV трафостаницата “Тетово 1” го остави цело Тетово без струја

Дел од корисниците во Тетово се без снабдување со електрична енергија поради дефект на 110 kV трафостаницата „Тетово 1“, информираат од Електродистрибуција.

Како што соопштуваат, прекинот во електроснабдувањето започнал од 16 часот, а екипите на Електродистрибуција се на терен и интензивно работат на отстранување на дефектот и нормализирање на снабдувањето со електрична енергија.

Continue Reading

Црна Хроника

Застој на автопатот Скопје–Тетово, камион се превртел кај Желино

Тешка сообраќајна незгода се случи пред малку на автопатот Скопје – Тетово. Според првичните информации, камион се превртел веднаш по наплатната рампа кај Желино, што предизвика значителен застој во сообраќајот.

Блокирани се првите две ленти, а возилата се пропуштаат само по третата лента.

Дополнителен проблем за возачите претставуваат временските услови. На овој патен правец има појава на густа магла, која значително ја намалува видливоста.

Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ја прилагодат брзината на условите на патот, да држат соодветно растојание и да бидат исклучително внимателни додека поминуваат на овој потег додека трае увидот и расчистувањето на теренот.

Continue Reading

Црна Хроника

Две жени нападнати во автобуси на ЈСП во Скопје

Во два одделни инциденти на 19 декември 2025 година, две жени од Скопје биле физички нападнати додека се возеле во автобуси на ЈСП.

Првиот случај се случил околу 15:00 часот во подрачјето на Гази Баба, кога А.С. (46) пријавила дека била нападната од И.С. (39) од Скопје.

Вториот инцидент се случил околу 17:20 часот во подрачјето на Драчево, кога С.Ј. (55) била нападната од непознато женско лице додека се качувала во автобус.

Полицијата презема мерки за расчистување на двата случаи.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг