Connect with us

Македонија

Костадиновски: На 19 јуни ќе се одржи Подготвителната седница за Законот за јазиците

Подготвителна седница за Законот за јазиците закажана за 19 јуни – Костадиновски: Одлука се очекува по изборите

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, во интервју за ТВ магазинот „Трилинг” објави дека Подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците е закажана за 19 јуни 2025 година.

Тој објасни дека седницата била еднаш одложена поради трагедијата што се случи во Кочани, и посочи дека конечната одлука на Судот може да се очекува по одржувањето на локалните избори наесен.

„На 19 јуни ќе организираме подготвителната седница, по неа ќе ни требаат до два месеци да се подготви нов реферат и да се сублимираат сите мислења на сите учесници. Моја проценка е дека конечната улога ќе биде донесена после изборите“, рече тој.

Во продолжение, Костадиновски појасни дека динамиката на постапката ќе зависела од вонредните околности:

„Да не се случеше трагедијата, подготвителната седница ќе беше веќе завршена, и за во јуни некаде природно би дошло носењето на одлуката. После подготвителната седница ќе ни требаат месец, месец и пол, два, за да се подготви нов реферат, за да се сублимираат сите мислења на сите учесници… Не знам за кога ќе бидат распишани изборите, пореални се шансите и пообјективно би било, затоа што ние за самата седница кога беше само најавена видовме, тешки политички манипулации, политизација, етнизација, тешки критики за уставниот суд”, рече претседателот.

Осврнувајќи се на поширокиот општествен контекст, Костадиновски истакна дека државата не се соочува со реални проблеми во меѓуетничките односи, туку со нивна политичка злоупотреба.

„Постојат теми во нашето општество што се неподобни за политичка експлоатација. Такви се меѓуетничките односи. Тие се многу важни за општество какво што е македонското. Но, мојот длабоко уверување е дека ние во овој стадиум на развој на нашето општество немаме проблем во меѓуетничките односи. Имаме друг тип на проблем, а тоа е злоупотреба на меѓуетничките односи за политички цели. Ете тоа го сведочевме целиот изминат период и по постапувањето за „Балансерот” и Законот за јазиците. Ние имаме една понасушна потреба. Jас се согласувам дека меѓуетничките односи се еден од столбовите за стабилност на нашата држава. Но во овој момент, мое лично убедување, има еден уште поважен темел за стабилноста на нашата држава. Тоа е владењето на правото. Реално и вистинско, не лажно и не деклараторно. Никој не треба да стравува од нашето постапување. Ниту едно право што секој еден граѓанин го ужива од нашиот Устав, нема да биде ускратено. Нашите правни стојалишта за кој било закон ќе го натераат законодавецот да направи подобар закон“, потенцираше Костадиновски.

На крајот од интервјуто, тој упати порака до граѓаните:

„Да бидат спокојни и да не веруваат на политичките манипулации, бидејќи Уставниот суд е тој кој го штити Уставот.“

Advertisement

Македонија

М-НАВ ја заврши целосната демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје

Соопштение за јавност

М-НАВ денеска успешно ги заврши преостанатите градежни активности за целосна демонтажа на останатите делови од стариот радар на Меѓународниот Аеродром Скопје.

Работите беа реализирани во период со магла и намалена видливост, кој беше оптимално искористен за комплетно и безбедно завршување на активностите, без какво било влијание врз одвивањето на воздушниот сообраќај.

Со оваа фаза се заокружува процесот на демонтажа на стариот и неупотреблив радар, како предуслов за понатамошните активности поврзани со инсталацијата на новиот модерен радарски систем.

М-НАВ и понатаму останува целосно посветен на безбедноста и континуитетот на воздушниот сообраќај, како и на навремена и професионална реализација на сите планирани активности.

Continue Reading

Македонија

Полицијата уапси двајца мажи од Гостивар – од куќа украле плен вреден 65.000 евра

Двајца мажи се уапсени вчера откако полициските службеници пронашле и одзеле предмети и пари во вредност од 65.000 евра за време на претрес во домот во Гостивар, соопшти МВР.

Акцијата била спроведена по претходни оперативни сознанија и сомневање дека во домот се наоѓаат нелегално стекнати пари и предмети. При претресот, полицијата од куќата ги одзела пронајдените средства, кои, како што е утврдено, биле скриени на повеќе локации во објектот.


Лицата осомничени за случајот веднаш биле лишени од слобода и одведени во полициска станица за понатамошна постапка. Од надлежните информираат дека против нив ќе биде поднесена соодветна пријава поради сомнежи за кривични дела поврзани со недозволено поседување и криумчарење пари.


Истражителите во соработка со обвинителството продолжуваат со работата на случајот со цел да се утврдат сите околности и да се испита потеклото на одземените средства.
Одговорните органи потенцираат дека ваквиот тип на акции се дел од континуираните активности за сузбивање на финансиските криминали, а на јавноста ѝ се ветува максимална транспарентност во процесот на истрага.


Информациите за идните правни чекори ќе бидат соопштени по завршувањето на службениот увид и поднесувањето на официјалните пријави.

Continue Reading

Македонија

Измамена 80-годишна жена од Скопје – лажен „доктор“ и одзел 150.000 денари убедувајќи ја дека ќерка и е повредена

80-годишна жителка на Скопје стана жртва на измама откако непознато лице, претставувајќи се како доктор, ја убедило дека нејзината ќерка наводно е повредена и дека треба да плати 150.000 денари за лекување.


Според полицијата, вчера на мобилниот телефон на старителката пристигнал повик од лице што се претставило како здравствен работник. Лажниот „доктор“ ја уверил жената дека нејзината ќерка наводно била во болница со сериозни телесни повреди и дека е итно потребно да се обезбедат пари за лекување и медицински трошоци.


Загрижена за состојбата на своето дете, старителката му предала на непознатото лице 150.000 денари, како што било побарано, верувајќи дека со тоа ќе помогне во спасувањето и оздравувањето на ќерка си. По приемот на парите, измамникот избегал и повеќе не контактирал со неа.


Полицијата веднаш по пријавувањето на случајот започнала истрага за да се утврдат идентитетот и местото на престој на лицето кое ја извршило измамата. Надлежните истакнуваат дека овој тип на измами со „лажни доктори“ е се почест, особено кога се таргетираат постари лица, и апелираат граѓаните да бидат внимателни при примање вакви повици.


Од Министерството за внатрешни работи потенцираат дека никогаш не побаруваат пари по телефон за лекување или медицински услуги и дека секоја таква барање треба веднаш да се пријави во најблиската полициска станица.
Случајот е пријавен и се води со соодветни службени мерки додека трае потрагата по сторителот.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг