Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Македонски Концепт до Европскиот Парламент: Време е ЕУ засекогаш да расчисти со етничкиот шовинизам од 19-тиот век во свои редови

by Уредник
04.05.2025
in Uncategorized

Македонски Концепт испрати официјално писмо до сите политички партии во Европскиот парламент, како и до пратениците во Делегацијата за Македонија, со што се реагира на предложените уценувачки амандмани во извештајот на Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) за напредокот на Република Македонија. Писмото претставува глас на разум и повик за враќање кон европските вредности и принципи на фер заслуги во процесот на проширување.

Во документот јасно ја изразивме нашата загриженост за отстапувањето од темелните вредности на Европската Унија, особено преку релативизирањето или негирањето на македонскиот јазик и идентитет, што е во спротивност со идејата за обединета Европа заснована на почитување на културната и националната разноликост.

Особено загрижувачки е што концептот на заслуги и индивидуални достигнувања на земјите-кандидатки е целосно потиснат, а наместо тоа, се наметнуваат билатерални спорови кои не се во духот на европските интеграции.

Македонски Концепт апелира до сите политички партии во Република Македонија, без разлика на нивната етничка припадност, да се приклучат на оваа иницијатива и да испратат слични писма до Европскиот парламент. Сега е моментот сите заедно да побараме од Европската Унија еднаш засекогаш да расчисти со етничкиот шовинизам од 19-тиот век кој и понатаму се манифестира преку политиките на одредени земји-членки со балканско потекло.

Ги повикуваме европските пратеници да ги отфрлат ваквите амандмани и да го поддржат проширувањето засновано на вредности и заслуги – единствениот пат кој води кон вистинско партнерство и заедничка иднина во Европа на почит, еднаквост и достоинство.

Центар за комуникации и анализа
Македонски Концепт

Next Post

Нови лидери на берзата: STB доминира, KMB во благо повлекување

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО СРБИЈА - ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И АЗБУКА

Препорачани Вести

Тендерот за Универзална сала поништен 

2 months ago
Николоски го отвори Виенскиот економски форум: Стратешки поттик за регионалната соработка

Николоски го отвори Виенскиот економски форум: Стратешки поттик за регионалната соработка

2 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.