Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Во Битола затекнати 23, а во Охрид шест малолетници после 24,00 часот, во Велес евидентирана прегласна музика

by Уредник
04.05.2025
in Uncategorized
Во Битола затекнати 23, а во Охрид шест малолетници после 24,00 часот, во Велес евидентирана прегласна музика

Полициски службеници при Секторот за внатрешни работи Битола во текот 03.04.2025 во периодот од 21.00 до 03.00 часот по претходно подготвен план спроведоа акциска контрола во угостителски објекти и клубови во Битола.

Притоа во билјард клуб лоциран на улицата „Климент Охридски“ биле затекнати осум малолетници после 24.00 часот, потоа во билијард клуб лоциран на улицата „Булевар 1-ви Мај“ биле затекнати двајца малолетници после 24.00 часот , а додека пак во билјард клуб лоциран на улицата „Белградска“ затекнати биле уште 13 малолетници, при што кај седумина од нив било констатирано дека конзумирале алкохол. По претходни известувања, малолетниците се предадени на родителите, а по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни пријави.

Идентична акциска контрола беше спроведена и во Охрид од страна на полициски службеници при СВР Охрид, при што во еден објект лоциран на плоштадот „Св.Климент Охридски“ биле затекнати шест малолетни лица. Против правниот субјект и одговорното лице, кои овозможиле присуство на малолетници во угостителски објект по 24 часот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Инаку и на подрачјето на СВР Велес, односно во Велес во текот на изминатата вечер и денес во раните утрински часови беше спроведена акциска контрола во угостителски објекти. Притоа, при извршено мерење на јачината на бучавата со фонометар, во два угостителски објекти било констатирано дека има надминување на дозволената јачина, односно на музика погласна од дозволеното, со што е констатирано нарушување на јавниот ред и мир, така што по документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Next Post
Во Радовиш приведени две лица, извршиле 14 тешки кражби

Во Радовиш приведени две лица, извршиле 14 тешки кражби

Утре втор протест во Кичево за решавање на проблемот со дивата градска депонија

Препорачани Вести

vlen

ВРЕДИ: Ги зголемуваме платите на здравствените работници за да го подобриме квалитетот на услугите

12 months ago

Тешка сообраќајна несреќа – има повредени

4 months ago

Популарни Вести

  • aleksandar nikoloski

    Николоски со убави вести за македонските професионални возачи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полска масовно купува злато и покрај растот на цените

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лукоил Македонија се продава на американската Карлајл Груп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • TESS го документира патувањето на меѓуѕвездната комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијани зад воланот: Двајца возачи приведени по сообраќајни инциденти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.