Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Министерството за енергетика прифати амандмани поднесени од сите пратенички групи за Законот за енергетика

by Уредник
06.05.2025
in Uncategorized

Предлог-законот за енергетика, како едно од најважните законски усогласувања со енергетската легислатива на ЕУ, го помина второто читање пред надлежните собраниски комисии за економски прашања, труд и енергетска политика и законодавно правната комисија. Во фазата на второто читање остана разгледување на текстот на Дополнетиот предлог на закон за енергетика на седница на Собрание, на која следи и постапка на донесување на законот и негово објавување во Службен весник. Како предлагачи на законот очекуваме истиот да биде донесен во текот на овој месец, со што во целост ќе се испочитуваат роковите за негово донесување од реформската агенда и обврските кон Европската енергетска заедница каде што сме членка.

„Станува збор за клучен закон кој отвора нови можности за пазарот и обезбедува фер услови за сите учесници –граѓаните, преку стопанството, до јавните институции. Ова е закон што ја носи Македонија чекор поблиску до европскиот енергетски пазар, но и ја зајакнува нашата внатрешна стабилност и отпорност.“ изјави министерката Сања Божиновска.

Во текот на амандманската расправа беа прифатени 61 амандман (поднесени 71 амандман) од пратеници од сите пратенички групи, преку што јавно се покажа намерата на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини да го заврши законодавниот процес, во отворена, транспарентна и инклузивна постапка. Крајната цел на Министерството е да се донесе усогласен и применлив закон во интерес на граѓаните и енергетскиот систем.

Во амандманската расправа беа прифатени повеќе суштински амандмани, а како најзначајни ги издвојуваме амандманите кои се однесуваат на: задолжително воведување на складишта (батерии) за новите електроцентрали од варијабилен обновлив извор на енергија; воведување обврска инвеститорите да докажат дека имаат средства во износ од 100.000 евра на сметка или во основни средства при издавање на лиценца за вршење на енергетските дејности трговија и снабдување со електрична енергија; допрецизирани се одредбите за именување и разрешување на членовите на Регулаторната комисија за енергетика; исклучокот за друштвото кое врши дејност дистрибуција на гас да може да врши и дејности снабдување со гас, снабдување со гас со обврска за јавна услуга и снабдување со гас во краен случај, доколку има приклучени помалку од 100 000 потршувачи; делот за дополнителен приход за операторот на електродистрибутивниот систем кој го продава вишокот на електрична енергија за секоја продажба да има обврска да ја извести Регулаторната комисија за енергетика; во делот на одвоено сметководство додадена е обврска на носителите на лиценци за вршење енергетски дејности во годишната сметка доставена до Централниот регистар одделно по шифра на дејност да го прикажат приходот од секоја енергетска дејност за која поседуваат лиценца; допишани се преодни одредби за постојните одлуки за сертификација за МЕПСО и НОМАГАС како и преодни одредби за вршителите на енергетски дејност кои за прв пат ги воведуваме како енергетски дејности со овој закон за кои е потребно лиценца за вршење на дејноста.

Кои се главните придобивки од новиот закон?

Со транспонирањето на директивите од Четвртиот енергетски пакет на ЕУ, Македонија ќе добие:

• Либерализиран, транспарентен и конкурентен пазар за електрична енергија, што ќе значи поголем избор и пофер цени за потрошувачите ;
• Воведување на паметни броила, што овозможува прецизно мерење на реалната потрошувачка на електрична енергија и увид на крајниот потрошувач во својата потрошувачка на електрична енергија на дневна основа;
• Поддршка за нови концепти како граѓански енергетски заедници и модели на активно управување со побарувачката;
• Зголемена пазарна ликвидност и пристап до повеќе извори на снабдување за стопанството и подеднаква можност за инвестиции на сите ;
• Инфраструктурна стабилност, преку инвестиции во системи за складирање и дигитализација на системите.

Во рамките на новопредложената енергетска реформа, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини согласно своите надлежности законски го реализира и преносот на сопственичката структура на друштвото оператор на електропреносниот систем МЕПСО, како дел од напорите за подобра контрола, координација и управување со преносната мрежа.

„Стабилен и професионално управуван преносен систем е предуслов за раст на обновливите извори и сигурно снабдување на домаќинствата и индустријата. Со оваа одлука, го јакнеме капацитетот на државата да одговори на предизвиците на енергетската транзиција.“ додаде министерката Божиновска.

Next Post
Трик на медицинска сестра против ‘рчење: „После ова ќе спиете како на седмо небо“

Трик на медицинска сестра против 'рчење: „После ова ќе спиете како на седмо небо“

ЗАПОЧНА ПОСТАВУВАЊЕТО НА СМИРУВАЧИ НА СООБРАЌАЈОТ НА СООБРАЌАЈНИЦИТЕ ПРЕД ОСУМ УЧИЛИШТА ВО БИТОЛА

Препорачани Вести

Со концерт на „Супер хикс“ започна „Зимска приказна“ во Битола

4 weeks ago

Ѓорѓиевски на меморијален турнир во Љубанци во чест на загинатите бранители

5 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.