Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Мистерија околу исчезнувањето на 28 годишниот Миле Тодоров: По три месеци неизвесност, случајот почнува да паѓа во заборав

by Уредник
06.05.2025
in Uncategorized

Миле Тодоров, 28-годишно момче од Неготино, се уште не е пронајден откако му се изгуби траг на 30-ти јануари годинава, среде бел ден. Повеќе од три месеци трае неизвесноста на неговото семејство, а како минува времето, случајот започнува да паѓа во заборав од страна на пошироката јавност. Се поретки се апелите за било каква информација поврзана со неговото исчезнување, како и објавите на неговата фотографија, кои во првите два месеца ги преплавија социјалните мрежи и медиумите.

Тргнал наутро на работа во компанијата Метал Апостолов во Кавадарци, му кажал на сопственикот дека дава отказ, заминал пеш во правец на Неготино, а траг му се изгубил на патот помеѓу Неготино и Кавадарци, кај Марена, според очевидци и снимки од камери. Тоа е се што јавноста дозна за неговото последно движење, а обемните потраги на терен со стручни тимови и бројни доброволци не дадоа одговори. Мобилниот телефон му беше пронајден кај Марена, покрај реката Луда Мара, и нови детали за случајот нема.

Ниту кучињата трагачи успеаа да му влезат во траг, ниту пак потрагата со хеликоптер и дронови даде резултат.

Останаа забележани сведоштвата на семејството дека имал планови, поврзани со работата, бидејќи во слободното време се занимавал и со лимарска работа, имал договорено и судење на спортски натпревар.

Без пасош, без мобилен телефон, без пари кај себе, во работничка облека, каде би можел да замине, прашуваа негови сограѓани, кои во голем број беа вклучени во потрагите кои се одвиваа секојдневно во првите недели од исчезнувањето.

Нови детали за случајот, официјално, не се објавени. Остануваат неговите лични податоци и фотографија објавени на страницата за исчезнати лица при МВР, а во Неготино, мало место каде граѓаните меѓусебно се познаваат, останува и мистеријата за овој настан кој се уште не е решен.

Во градот се уште не е решен и случајот со исчезнувањето на Коце Панов, по кого се трага од ноември 2022 година. Во време на исчезнувањето тој имал 79 години. За овој настан едно лице беше приведено, па потоа ослободено, и до денес не се дозна што се случило со пензионерот.

Next Post

ФФМ со остра реакција по скандалот во Втора лига: „Време е да расчистиме со ѓубрето што го труе фудбалот“

ГОЛЕМА ЗАГУБА: Почина една од најдобрите македонски докторки

Препорачани Вести

Драма во судница: Палчо исфрлен од рочиштето!

10 months ago
ЦЕЛ АРСЕНАЛ: Полицијата изврши претрес во Батинци, погледнете што пронајде [ФОТО]

Полицијата апсеше на повеќе локации во Скопје

3 months ago

Популарни Вести

  • kostadinka palazova

    Почина Костадинка Палазова, гласот што го оживуваше македонското народно наследство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Илинден“-Тирана со целосна поддршка за тужбата против центрите за мигранти во Пустец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Прилеп: Темелно чистење на коритото на Градската река кај минорот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Влада со Бадентер не ги фаворизира Албанците, потребна е подлабока анализа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Кон крајот на месец март се очекува реконструкција на Владата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.