Connect with us

Магазин

Сопругата на Андреј од ДНК со тажна објава од која на многумина ќе им се насолзат очите (фото) 

Непребол…

Преголема болка што сите ја чувствуваме…

Пејачот Андреј Ѓорѓиески задно со уште седум членови од неговиот бенд ДНК почина во страшниот пожар во Кочани.

Несреќата се случи на 16 марти и однесе 62 животи во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ за време на концертот на ДНК.

Траорната несреќа што тогаш се случи во Кочани ги погоди семејствата и блиските на загинатите, но и граѓаните на цела Македонија кои со денови беа шокирани, но и неутешни од преголемата болка.

Во чест на загинатите се палеа свеќи низ градовите како во Македонија, така и во регионот, а песните на ДНК во тага се слушаа насекаде.

Сега, Андреј чиј живот згасна во страшниот пожар доби мурал и тоа токму онаков како заслужува и каков ќе го памтиме.

Имено, неговата сопруга Наталија Ѓорѓиеска на Инстаграм сподели фотографија од муралот направен во чест на пејачот.

Покрај ликот на Андреј, онаков каков што сите го памтиме, стојат и неколку стихови од една од неговите најпознати песни.

Станува збор за песната „Круг“ од „ДНК“, чиј тест во целост ви го пренесуваме во продолжение…

Потсетуваме, Андреј Ѓорѓиески почина на 16 март во страшниот пожар што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, оставајќи ги неутешни неговата деветгодишна ќеркичка Јана и сопругата Наталија.

Според очевидци, тој најпрво успеал да се спаси од пожарот и да излезе, но се вратил назад за да им помогне на останатите.

Инстаграм/ Шо има

Животот на Андреј згасна заедно со уште седум членови на ДНК во несреќата која однесе вкупно 62 млади животи.

Покрај Андреј во несреќата починаа уште седум членови и соработници на групата „ДНК“ –тапанарот Ѓорги Горгиев, клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, фотографот Александар Ефремов, придружниот вокал Сара Пројковска, тон-мајсторот Игор Велков и битбоксерот Мартин Атанасовски. Владимир Блажев-Панчо во несреќата се здоби со тешки повреди и се уште е хоспитализиран во болница, а покрај него младиот гитарист и пејач Горан Танев и придружниот вокал Ана Костадиновска се единствените членови на групата ДНК кои се спасија кобната ноќ.

Нека им е лесна земјата на сите загинати и Господ нека им даде сила и утеха на нивните семејства и најблиски…

Концерт „Пееме за Кочани“ во чест на жртвите

Тамара Тодевска, една од нашите најпознати поп-пејачки, на 8. мај во МКЦ ќе одржи голем хуманитарен концерт за семејствата на настраданите во страшната несреќа што се случи на 16 март во Кочани.

Сите средства од продадените влезници ќе одат во хуманитарни цели, а влезници можат да се набават на MK Tickets.

Advertisement

Магазин

Спасен Сиљаноски во празнична атмосфера: Кафе момент со сопругата Ана

Спасен Сиљаноски, преку својата официјална Facebook-страница, објави фотографија која брзо го привлече вниманието на јавноста, пренесувајќи топла и семејна атмосфера во пресрет на празниците. Во објавата, тој позира заедно со сопругата Ана Силјаноска, во празнично украсен дом, со порака: „Време за кафе со Анушка“.

На фотографијата се забележува новогодишна елка, топла каминска атмосфера и празнично декориран простор, што дополнително придонесе објавата да биде прифатена со многу симпатии. Во само 47 минути, постот собра речиси илјада реакции и десетици коментари од следбеници кои им испраќаат честитки, убави желби и поддршка.

Објавата на Сиљаноски ја доловува семејната топлина и празничниот дух, испраќајќи едноставна, но силна порака за уживање во малите моменти со најблиските.

Continue Reading

Магазин

Американскиот филмски институт ги објави 10-те најдобри филмови за 2025 година

Американскиот Филмски Институт (AFI) ја објави својата листа со 10-те најзначајни филмови за 2025 година, меѓу кои се наоѓаат наслови што доминираат на светската филмска сцена оваа година.

Филмови што се издвојуваат

Меѓу избраните филмови се:

Avatar: Fire and Ash

Bugonia

Frankenstein

Hamnet

Jay Kelly

Marty Supreme

One Battle After Another

Sinners

Train Dreams

Wicked: For Good


Дополнително, AFI додели и специјално признание на филмот It Was Just An Accident, кој, иако не е во официјалната десетка, доби посебна награда за извонреден придонес.

Секоја година AFI ги избира филмовите што се сметаат за културно и уметнички значајни – оние што покажале најголема креативност, оригиналност и влијание во светот на киното. Ова признание често се смета за индикација за филмови кои ќе имаат речиси сигурна шанса за награди од меѓународна класа.

Со оваа листа, 2025 година уште еднаш се покажа како богата и разнолика на силни филмски дела – од големи холивудски продукции, преку иновативни драми, до независни и авангардни филмски изрази.

Continue Reading

Магазин

„Програмирањето на здравјето“ започнува во првите илјада дена од животот – клучниот период што го обликува целото понатамошно здравје

bremenost

Започната е нова едукативна програма во Хрватска, иницирана од Хрватскиот завод за јавно здравје (HZJZ) во соработка со УНИЦЕФ, која фрла силно светло врз клучната улога на бременоста и раното детство во обликувањето на доживотното здравје на детето. Лекарите беа повикани да ја преиспитаат превенцијата на дебелина и хронични болести, со фокус на магичните 1000 дена – од зачнувањето до втората година од животот.

Сè започнува во матката: Баркеровата хипотеза и доживотните последици

Бременоста не е само фаза од животот на мајката; таа е пресуден прозорец за програмирање на здравјето на детето. Неонатологот Милан Станоевиќ предупредува дека дури и малата разлика во терминот на раѓање – 37-ма наспроти 40-та недела – може да влијае на доживотниот ризик од болести.

Клучен столб во ова размислување е Баркеровата хипотеза. Според теоријата на д-р Дејвид Баркер од 1990 година, хроничните болести во зрелоста, како што се дијабетесот, ракот и кардиоваскуларните заболувања, може да потекнуваат од адаптивните промени што фетусот ги претрпува во матката.

„Фетусот се прилагодува на неповолните услови до породувањето. Краткорочното преживување е добро за фетусот, но прилагодувањата може да доведат до големи здравствени проблеми во зрелата возраст“, тврди Станоевиќ.

Факторите на ризик се двојни – биолошки (прекумерна тежина на мајката, дијабетес, царски рез) и фактори од околината (пушење, лоша исхрана, стрес, антибиотици). Сите тие можат да го променат развојот на фетусот и да имаат долгорочно влијание врз неговото здравје. Затоа, Станоевиќ ја потенцира неверојатната важност на првите илјада дена, вклучувајќи го и времето во матката.

Мајчиното млеко: Течен еликсир за „програмирање на здравјето“

Стручњакот Марија Хегедуш-Јунгвирт го поддржа ова, нагласувајќи дека исхраната на мајката за време на бременоста и исхраната на бебето во најраното детство долгорочно ги обликуваат метаболичките процеси и развојот на мозокот. Особена чувствителност на инсулин е забележана кај децата родени пред 37-та недела. Исклучиво доење е препорачано до шестиот месец. Комплементарна исхрана мора да се воведе помеѓу 17-та и 26-та недела, ниту порано ниту подоцна.

„Најдобра исхрана во доенечката возраст е мајчиното млеко. Правилната исхрана е право“, порача Хегедуш-Јунгвирт.

Овде се и неколку совети за дополнителна исхрана:

  • Месото спречува анемија.

  • Житариците спречуваат запек.

  • Диететските влакна го намалуваат серумскиот холестерол.

Зошто адаптираните млечни формули не се замена?

Анита Павичиќ Бошњак е категорична: мајчиното млеко не е само храна, туку и комплексен биоактивен систем кој го поттикнува „програмирањето на здравјето“. Јаглехидратите и лактозата се поврзани со зголемување на телесната тежина. Белковините со растот на должината. Масните киселини позитивно влијаат на обемот на главата. Олигосахаридите го хранат здравиот микробиом и штитат од патогени.

За разлика од мајчиното млеко, адаптираните млечни формули речиси и да содржат доволно микро-рибонукленска киселина потребна за програмирање. Кога бебето не се храни со мајчино млеко, се јавува дисбиоза (нарушен микробиом), што драстично го зголемува ризикот од воспаленија, атопични болести, дебелина, дијабетес тип 2, хронични воспалителни болести на цревата, автоимуни болести, анксиозност, АДХД и нарушувања од аутистичниот спектар.

Податоците се недвосмислени: Доењето го намалува ризикот од прекумерна тежина и дебелина за 27%, а ризикот од дијабетес тип 2 за 24-32%.

🗣️ Комуникацијата е клучна: Едукација на здравствените работници

Професорката Марија Чатиповиќ укажува дека е потребно подобро знаење и комуникациски вештини кај здравствените работници, кои мора да практикуваат активно слушање и да ја ценат довербата на родителите.

„По едукациите гинеколозите поинаку размислуваат. Родителите изразуваат јасна потреба од стручно водство и поддршка и го ценат нашето мислење“, нагласи Чатиповиќ.

Ова се и неколку важни совети за доењето:

  • Положбата на страна е идеална за мајки по царски рез.

  • Dancer-зафат за предвремено родени бебиња.

  • Исправена положба за близнаци или деца со расцеп на усната.

  • На детето му требаат 8 до 12 ефективни подои во 24 часа.

  • Долготрајното доење не е проблем, доколку детето е добро социјализирано.

Иако Хрватска има едно од најдобрите породилни отсуства во светот, Чатиповиќ повикува на нормализирање на доењето и измолзувањето на работното место, со обезбедување соодветни простории.

Овие нови програми имаат за цел да го променат пристапот на лекарите и да ја подигнат свеста дека инвестирањето во првите 1000 дена е најдобрата превенција против хроничните болести во зрелата доба.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг