Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Лажен доктор од Македонија мамел постари лица во Загреб и Сплит – успеал да украде речиси 280.000 евра

by Уредник
07.05.2025
in Uncategorized
Лажен доктор од Македонија мамел постари лица во Загреб и Сплит – успеал да украде речиси 280.000 евра

Загребската полиција разоткри македонски државјанин осомничен за серија измами од речиси 280.000 евра

Хрватската полиција привела 26-годишен државјанин на Северна Македонија, осомничен за осум кривични дела измама со кои, според проценките, предизвикал материјална штета во износ од дури 278.850 евра.

Како што информираат од Полицијата на Загреб, осомничениот заедно со две засега непознати лица – маж и жена – во периодот од 9 до 30 април таргетирале постари граѓани во Загреб, Велика Горица и Сплит. Се претставувале лажно како лекари од хрватски, а во еден случај и од американски болници, тврдејќи дека блиски роднини на жртвите доживеале тешки сообраќајни несреќи и им е неопходна итна операција – за да се спаси животот или да се избегне ампутација.

Жртвите, во шок и паника, биле убедувани итно да предадат пари или вреден накит. Осомничениот ги подигнувал парите директно од домовите на оштетените, веднаш по телефонските повици, и исчезнувал од местото.

По завршената кривична истрага, 26-годишникот е предаден во надзорниот притвор, а полицијата поднела посебен извештај до надлежното Јавно обвинителство во Загреб.

Хрватската полиција упати апел до сите граѓани, особено постарата популација, да бидат исклучително внимателни и да не наседнуваат на вакви телефонски измами. Во случај на сомнителен повик со слична содржина, веднаш да се прекине разговорот и да се алармира полицијата.

Next Post

Директорот Гоце Димовски дел од 28-миот Евроазиски Економски Самит во Истанбул!

Таравари со една нога надвор од Владата

Препорачани Вести

Џамбаски со навреди по изјавата на Мицкоски: „Каков вековен идентитет, бе серсемино?“

8 months ago

Се огласи шефот на израелската армија

7 months ago

Популарни Вести

  • НАСА се подготвува за историски лет: Првиот човечки екипаж кон Месечината по 54 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија оди по чудо против Португалија – вечерва се испишува историјата!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска разгледница од Спасен и Ана Силјаноски: Топли насмевки во снежната идила

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Со автобус до планинскиот рај: Стартуваше линијата Тетово – Попова Шапка, повратен билет само 200 денари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европската комисија повторно бара истрага за наводната употреба на звучен топ на протестите во Белград

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.